ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Добитникот на специјалната награда на Карлови Вари, „Сестри” на Дина Дума го отвара Манаки

September 6, 2021 07:55
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Со проекција на македонскиот филм Сестри на 16 септември ќе започне годинешното 42. издание на ИФФК „Браќа Манаки“. Фестивалската публика во Битола, ќе биде првата која ќе го погледне филмот, кој штотуку учествуваше на еден од најпрестижните филмски фестивали во светот – Карлови Вари, освојувајќи ја „Специјалната награда од жирито“ во програмата „Источно од западот“.

Ова е прв долгометражен филм на режисерката Дина Дума и кинематогаферот Наум Доксевски и филмот влегува во официјалната конкуренција за наградата „Златна камера 300“ на 42. ИФФК „БРАЌА МАНАКИ“.

Филмот ни открива едно тинејџерско друштво, во кое поважно е да се забавуваат следбениците на социјалните мрежи, отколку да се негува нормално пријателство.

Визуелизацијата е една од најсилните страни на овој филм, особено во сцените снимени во водата, a зрнестата структура која доминира во фотографијата со својот ретро шмек како да се спротиставува на дигиталната острина на милионите филтрирани хиперреалистични фотографии од мобилните телефони кои младите дневно ги објавуваат на социјалните мрежи.

Главните улоги ги толкуваат Антонија Белазелкоска (Маја), Миа Жиро (Јана), Ханис Багашов, Мај-Линда Косумовиќ и Верица Недеска. Продуцент на филмот е Марија Димитрова, сценариото го потпишуваат Дина Дума и Мартин Иванов, кинематографер е Наум Доксевски, монтажер Мартин Иванов, сценографијата е на Кирил Спасевски и Симо Бранов, костимите се на Роза Трајческа-Ристовска, шминката на Жанета Димитриевска, музиката е на Игор Василев-Новоградска, а дизајнот на звук на Ристо Алчинов.

Режисерката Дина Дума и кинематограферот Наум Доксевски се веќе авторски тандем: во 2017 година со нивниот краток филм Тие дојдоа од центарот на светот беа дел од натпреварувачката компетиција на ИФФК „Браќа Манаки“ за „Мала златна камера 300“ во програмата на кратки играни филмови.

Филмот Сестри е копродукција помеѓу Северна Македонија, Црна Гора и Косово./МИА/.

Next Post

Променливо облачно со сончеви периоди

Shortcut

Најново

Никола Спасов

Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

September 17, 2026

Високи затворски казни во Хаг за косовските лидери на ОВК: Ахмети и ВЛЕН со остри реакции за пресудите

September 16, 2026

Хашим Тачи од судот во Хаг прогласен за виновен за воени злосторства, осуден на 25 години затвор

September 16, 2026
Порака на кампањата на ЦИВИЛ по повод Меѓународниот ден на демократијата, 15 септември 2026.

ЦИВИЛ на Меѓународниот ден на демократијата: Назадувањето на демократијата има човечка, економска и безбедносна цена

September 15, 2026

Од 15 до 18 октомври започнува 45. Скопски џез фестивал: Четири вечери, 13 земји и ексклузивни концерти

September 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската амбасада ја претвори својата фасада во пропаганден билборд за окупацијата на Крим

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk