ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

ЕБОР ќе ја поддржи Владата во реализација на приоритетните проекти

September 6, 2021 11:25
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Реализацијата на тековните проекти и динамиката на нивното изведување, како и инвестиции во нови проекти од областа на патната и железничката инфраструктура, енергетиката, екологијата, беа тема на денешната средбата на министерот за финансии Фатмир Бесими со потпретседателот на ЕБОР Јурген Ригтеринк, што се одржа во Министерството за финансии, пред почетокот на Првата годишна конференција „Економско заздравување и раст по Ковид“.

На средбата, информираат од Министерството за финансии, беше истакнато дека ЕБОР ќе ја продолжи соработката со земјава и ќе ја поддржи посветеноста на Владата во подготовката и реализацијата на приоритетните проекти кои се дел од економскиот инвестициски план на ЕУ за Западен Балкан.

Меѓу проектите кои се работат со финансиска поддршка од ЕБОР се делницата Скопје-Блаце, автопатската делница Кичево-Гостивар, железничката пруга од Коридорот 8 кон Бугарија, во делот на енергетиката магистралниот гасовод Гостивар-Кичево и делница Свети Николе -Велес, изградба на интерконективниот гасовод со Грција, 400 киловолтна интерконекција Битола-Елбасан со Албанија, како и други проекти меѓу кои и во Скопје за брз автобуски превоз, како и пречистителната станица на отпадни води.

Беше изразено задоволство од напредокот во реализација на проектите што се финансираат од оваа меѓународна финансиска институција и посветеноста од страна на Владата во непречена нивна имплементација.

На средбата меѓу другото беше посочено дека од клучно значење ќе биде и вклучување на Банката во реализација на проектот за управување со цврст отпад во пет региони во земјава кој е во процес на подготовка од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање.

-ЕБОР останува наш стратешки партнер и во остварувањето на Планот за финансирање на заздравувањето и забрзаниот економски раст кој се очекува да ги зголеми вкупните инвестиции во економијата, истакна на средбата министерот Бесими.

Покрај планираните јавни инвестиции во износ од околу четири милијарди евра во периодот од 2021 до 2025 година, финансирани од Буџетот, ИПА фондовите и меѓународните финансиски институции ќе се мобилизираат и повеќе средства и инвестиции од приватниот сектор. Со тоа ќе се зголемат вкупните инвестиции, ќе се забрза растот на бруто домашниот производ и ќе се забрза отворањето нови работни места.

Извесно е дека опоравувањето на економијата од ефектите од корона-кризата започна. Статистички годинава земјата излегува од криза и влегува во раст и заздравување, а проекциите за раст се 4,1 отсто.

ЕБОР во земјава има инвестирано над две милијарди евра./МИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Повторно поскапува дизелот

June 20, 2025

Судот во Струга го осуди градоначалникот Мерко со десет илјади евра парична казна

June 20, 2025
Фото: Pexels од Pixabay

„Ер Индија“ предупредена поради непроверена опрема за итни случаи, конкретно тобогани за спасување

June 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Од септември ќе има повторно покачување на пензиите, се уште не сме разговарале дали ќе биде линеарно или процентутално, вели Кочоска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мистериозните древни луѓе сега имаат лице

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Манев го откри идентитетот на лицето кое го уништил синиот ранец со пиштолот и моторолите користени за убиствата на Вања и Панче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кинеска морнаричка вежба во близина на Јапонија предизвика загриженост и негодување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Британски „Економист“: Вучиќ е на колена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk