ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Почнува дводневната меѓународна конференција „Економско заздравување и раст по Ковид“

September 6, 2021 07:42
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Претставници на меѓународни финансиски институции, на бизнис секторот и на извршната и локалната власт од земјава и регионот денеска и утре во Скопје ќе дебатираат за економското заздравување и растот по Ковид кризата.

На Првата годишна конференција, што ја организира Министерството за финансии, ќе се споделат искуства и разменат идеи за глобалните и регионалните перспективи за постпандемиското закрепнување на економијата.

Конференцијата ќе ја отворат министерот за финансии Фатмир Бесими и претседателот на Владата, Зоран Заев, по што ќе се одржат три панели на кои ќе бидат презентирани видувања за тоа како можат политиките најдобро да го поддржат растот, кои се главните предизвици за одржување на безбедноста во светот што се менува, кои фискални и монетарни мерки му помогнаа на бизнисот и кои се ризиците од предвременото повлекување на фискалните стимулирачки мерки.

На првиот панел насловен „Глобални и регионални предизвици и изгледи за опоравување и раст“, најавени се обраќања на Ана Бјерде, потпретседател на Светска банка за Европа и Централна Азија, Кејт Мери Брнз, амбасадор на САД во Северна Македонија, Ендру Вајт од Окфорд универзитетот, заменик претседателот на Влада, Артан Груби, министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, Мајлинда Брегу, генерален секретар на РСС, како и Хаолианг Ху од УНДП.

На вториот панел „Макроекономските политики и јавните финансии во време на пост-пандемија“, ќе се обратат министерот за финансии Фатмир Бесими, министрите за финансии на Косово и на Албанија, Хекуран Мурати и Анила Денај, гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, регионалниот директор на СБ за Западен Балкан, Линда Ван Гелдер, Алфред Камер од ММФ и претседателот на Комисијата за финансирање и буџет во Собранието, Тимчо Муцунски.

На третиот панел планиран за денеска најавено е обраќање на министрите за внатрешни работи и за правда Оливер Спасовски и Бојан Маричиќ, на вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата Љупчо Николовски, како и на евроамбасадорот Дејвид Гир, амбасадорката на Велика Британија, Рејчел Галовеј и Барбара Колм, заменик претседател на Австриската Централна Банка.

Утре, на вториот ден, конференцијата ќе биде посветена на јавните и приватните инвестиции, на зелената економија, човечкиот капитал и инклузивниот развој. Воведни обраќања ќе имаат претседателот на државата Стево Пендаровски и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

И вториот ден ќе се одржат три панели. На првиот панел посветен на јавните приватни инвестиции и конкуретноста, говорници ќе бидат вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, потпретседателот на ЕИБ, Лилјана Павлова, потпретседателот на ЕБРД, Јурген Ригтеринг, министрите за економија и за транспорт и врски Крешник Бектеши и Благој Бочварски, регионалниот директор на ИФЦ за Централна и Југоисточна Европа, Ари Наим, како и претседателите на трите најголеми стопанските комори во земјава Бранко Азески, Данела Арсовска и Неби Хоџа.

На вториот панел насловен „Паметен и зелен раст на економијата“ ќе се обратат еврокомесарот Паоло Џентилони, извршниот директор на Конституенцата во ММФ, Пол Хилберс, директорот на СБ за РС Македонија, Масимилијано Паолучи, регионалниот директор на МИГА за Европа и Централна Азија, Олга Шловскаја, постојаната претставничка на УНДП во РС Македонија Нарине Сахакјан и министерот за животна средина Насер Нуредини.

Конференцијата ќе се заокружи со панел посветен на човечкиот капитал кој е клучен за развој и раст на економијата. Се очекува да бидат презентирани идеи кои ќе дадат одговор како да се зајакне образовниот и здравствениот систем, како и други клучни прашања во овој дел. Говорници ќе бидат Ролф Вензел, гувернер на Развојната банка на Советот на Европа, министрите за здравство, образование, надворешни работи, локална самоуправа и култура во земјава, како и Хари Патринос, менаџер за образование во СБ за Европска и Централна Азија и Јамеле Риголини, програм лидер за човечки развој во СБ за Западен Балкан.

Завршните заклучоци од конференцијата ќе ги презентира министерот за финансии Фатмир Бесими, заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски и државниот секретар во Министерството за финансии Јелена Таст.

Идејата за организирање на оваа меѓународна конференција произлегува од заложбата за Министерството за финансии за промовирање и спроведување инклузивен дијалог со социјалните актери. Се очекува конференцијата да ги постави темелите и во иднина таа да прерасне во традиција и да има силно влијание во регионот и Европа. /МИА/.

Next Post
МИА

Само првиот ден попишани над 90.000 лица, пописот продолжува

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

ФФМ и ФК Брегалница го осудија инцидентот во Штип

August 24, 2025
Фото: Цивил Медиа

Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

August 24, 2025

Мицкоски: Она што го направи ВМРО-ДПМНЕ овие два дена е новитет на политичката сцена во Македонија, за Скопје се приоритетни три столба

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk