ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Продолжува пописот, апел граѓаните масовно да се вклучат во процесот

September 7, 2021 07:46
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
МИА

МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Вториот ден од пописот го одбележаа помали технички проблеми, кои според Државниот завод за статистика успешно и брзо биле надминати. Властите оценија дека пописот стартувал успешно, и апелираа граѓаните да се вклучат во процесот, да ги дадат потребните податоци, со цел државата да може да спроведува политики согласно реалната слика и во нивен интерес и во интерес на економијата и развојот на државата. Апел за вклучување во пописот дојде и од Европската комисија која ги охрабри сите во Северна Македонија да учествуваат во процесот на попишување на населението и додаде дека пописот е дел од процесот за пристапување во ЕУ.

Државниот завод за статистика информира дека вчера во претпладневните часови се појавиле спорадични и локациски изолирани проблеми при процесот на попишување на населението на терен, оти тие се успешно остранети, како и дека не се должеле на паѓање на интеретот, туку најверојатно на поголемиот број сесии што се одвивале истовремено. Додека траеле техничките проблеми биле попишани речиси 10 илјади лица.

-Во кратки периоди и на одредени локации апликацијата за попишување не функционираше и одреден број на попишувачи не можеа да попишуваат. Техничките тимови интензивно работеа на отстранување на проблемот и за кратко процесот продолжи непречено. Би сакале да потенцираме дека проблемот што се појави не се должи на интернет конекцијата со која се овозможува попишување, туку ова се можни и нормални проблеми кои се резултат на поголем број паралелни сесии, се вели во соопштението од ДЗС.

Колку за илустрација, велат од Државниот завод за стстистика, во тие два-три часа додека траеле техничките проблеми, биле попишани речиси 10 илјади лица на целата територија на државата.

Премиерот Зоран Заев рече дека после 20 години од последниот спроведен попис во земјава, благодарение на сите политички субјекти, на сите општественици, со професионалниот кадар на статистика во педесетина региони исклучително успешно стартувала оваа стстистичка операција.

Тој посочи дека прашалникот содржи прашања за статистички податоци, дека дури и за време на пандемија тоа е возможно да се спроведе затоа што физичката дистанца се одржува доколку тоа е потребно.

– И навистина првиот ден е исклучително охрабрување за успешен попис. Секако имаме уште 24 дена до 30 септември, но сакам да се заблагодарам на сите кои успешно стартуваа, пред, се на министерот за правда, на Заводот за статистика, но и на граѓаните и на попишувачите. Верувам дека податоците ќе бидат сериозен идникатор за уште поуспешни севкупни политики на развој на нашата земја, изјави вчера Заев.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски очекува дека пописот успешно ќе се спроведе, граѓаните ќе покажат одговорност и ќе се добијат детални податоци кои ќе се користат за развој на државата. Спасовски рече дека претставници од МВР работат заедно со Државниот завод за статистика во штабот кој раководи со пописот.

– Секако, дека ние како МВР работиме заедно со Државниот завод за статистика, наши претставници имаме во штабот кој раководи со пописот, за сите граѓани коишто ќе одбијат да се попишат, сигурно е дека ќе се применат мерките и ќе има пријави. Меѓутоа, јас очекувам дека како што помина вчерашниот ден во една одлична атмосфера, атмосфера на граѓанска одговорност дека и понатаму ќе продолжиме и пописот ќе заврши успешно и после 20 години ќе можеме да имаме детално податоците кои ни се потребни за развој на државата, изјави Спасовски.

Министерот ги повика граѓаните да се вклучат во процесот, да се попишат сите семејства, сите објекти, за, како што нагласи тој, да се добие реална слика и за потребите и за капацитетите со кои располага државата.

Според директорот на ДЗС Апостол Симовски, населението масовно го прифаќа пописот и нема одбивање, а само мал број луѓе ги одбиле попишувачите.

– Мислам дека овој процес ќе биде успешно завршен на крајот и сите ќе се радуваме на крајот на септември и дека сме го завршиле овој процес после цели 20 години. Многу малку инцидентни случаи, кои што се занемаралив број и таму првично што ќе направиме е да поразговараме со овие луѓе да им објасниме што е целта на пописот и очекуваме дека нема да има проблем. Не би сакале во моментот попишувачот да го ставиме во таква ситуација, таму ќе отидат нашите државни инструктори да им објаснат малку подобро и веруваме дека нема да има проблем и во тој дел. Сега за сега се многу малку инциденти случаи и малку на број, рече Симовски.

Досега, додаде тој, нема ниту информација дека било кој од домаќинствата побарал посебни протоколи и било што друго.

-Она што знам дека сите наши попишувачи се обврзани и строго ги применуваат мерките кои се за заштита на населението. Ние мораме да водиме сметка за нашите граѓани и водиме сметка за себе бидејќи и ние сме луѓе. И апсолутно тука нема пардон за никого. Сите до еден мора да ги почитуваме овие мерки.  Ако било кој од попишувачите имал проблеми здравствени или имал во моментот не може да биде дел од овој процес бидејќи мора да биде во изолација. Ние процесот ни тече, не може да чекаме излегување од изолација, таков проблем немаме во моментот.  А во однос на бројот на попишувачи ќе го решиме брзо, тој е решен од администрацијата. Ќе треба следниве два три дена да направиме обука на овие луѓе, не може да ги пуштиме на терен без обука. Така што ќе се вклучат многу брзо во тој процес и нема да има непокриен дел, изјави Симовски.

Европската комисија ги охрабри сите во Северна Македонија да учествуваат во процесот на попишување на населението и додаде дека пописот е дел од процесот за пристапување во ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.

Во коментар за МИА, портпаролката на Европската комисија, Ана Писонеро, рече дека во Брисел постои задоволство што пописот е во тек во Северна Македонија.

-Ова е важна вежба. Точни податоци за бројот и карактеристиките на населението се суштински за спроведување на соодветни социјални, демографски и економски политики за добробитта на сите граѓани, изјави Писонеро за МИА.

Таа истакна дека Европската Унија очекува од властите во Северна Македонија пописот да се одвива согласно стандардите и регулативите на ЕУ, како дел од пристапниот процес за ЕУ.

-Сметаме на сите делови од општество позитивно да придонесат кон операцијата на попишување на инклузивен и конструктивен начин, рече Писонеро.

Земјата е поделена на 50 пописни реони, а за подготовка, организација и спроведување е задолжен Државниот завод за статистика. Во организацијата и спроведувањето на Пописот учествуваат и Советот за статистика, комисиите за пописните реони, државните инструктори, реонските инструктори, реонските попишувачи и други учесници согласно одредбите од Законот за Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021.

На првиот ден од пописот, во неделата, вкупно биле попишани 94.975 лица, 28.594 домаќинства и 37.544 станови, информираат од Државниот завод за статистика. Можноста за самопопишување на лица во странство досега ја искористиле – 191.550 лица.

Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, кој официјално започна завчера ќе трае до 30 септември. /МИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

acpsk12.org

Влада: Обезбедени 50 милиони денари за нови средношколци во дуално образование

June 17, 2025

ЕК ѝ изрече на Грција казна од речиси 400 милиони евра поради злоупотреби со земјоделските субвенции

June 17, 2025

Битиќи: Владата не презема ништо за високите цени иако има механизми

June 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот од видео на Х

    ВИДЕО од ракетите од Иран што паѓаат врз Израел, снимено од пилотска кабина на патнички авион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса кон обединување, Арбен Фетаи во прегратките на Мицкоски, Ахмети со калкулатор во рака за локалните избори!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Првпат во историјата жена ќе раководи со Британската разузнавачка служба МИ6

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две години без Крешник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk