ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Втор ден од меѓународниот финансиски форум во Скопје, во фокусот зелената економија и човечкиот капитал

September 7, 2021 08:19
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Вториот ден од Првата годишна конференција, што ја организира Министерството за финансии, е посветен на јавните и приватните инвестиции, на зелената економија и човечкиот капитал.

За денеска најавени се три панели, а воведни обраќања ќе имаат претседателот на државата Стево Пендаровски и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

На првиот панел посветен на јавните приватни инвестиции и конкуретноста, говорници ќе бидат вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, потпретседателот на ЕИБ, Лилјана Павлова, потпретседателот на ЕБРД, Јурген Ригтеринк, министрите за економија и за транспорт и врски Крешник Бектеши и Благој Бочварски, регионалниот директор на ИФЦ за Централна и Југоисточна Европа, Ари Наим, како и претседателите на трите најголеми стопанските комори во земјава Бранко Азески, Данела Арсовска и Неби Хоџа.

На вториот панел насловен „Паметен и зелен раст на економијата“ ќе се обратат еврокомесарот Паоло Џентилони, извршниот директор на Конституенцата во ММФ, Пол Хилберс, директорот на СБ за РС Македонија, Масимилијано Паолучи, регионалниот директор на МИГА за Европа и Централна Азија, Олга Шловскаја, постојаната претставничка на УНДП во РС Македонија Нарине Сахакјан и министерот за животна средина Насер Нуредини.

Конференцијата ќе биде заокружена со панел посветен на човечкиот капитал. Се очекува да бидат презентирани идеи кои ќе дадат одговор како да се зајакне образовниот и здравствениот систем, како и други клучни прашања во овој дел. Најавени говорници се Ролф Вензел, гувернер на Развојната банка на Советот на Европа, министрите за здравство, образование, надворешни работи, локална самоуправа и култура во земјава, како и Хари Патринос, менаџер за образование во СБ за Европска и Централна Азија и Јамеле Риголини, програм лидер за човечки развој во СБ за Западен Балкан.

Завршните заклучоци од конференцијата ќе ги презентираат министерот за финансии Фатмир Бесими, заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски и државниот секретар во Министерството за финансии Јелена Таст.

Конференцијата во Скопје на едно место собра претставници од меѓународни финансиски институции, бизнис секторот и извршната и локалната власт од земјава и регионот кои дебатираат за економското заздравување и растот по Ковид кризата.

Next Post

Честит празник! Заслуживме!

НАЈНОВО

Каде завршува информирањето, а каде почнува пропагандата, што е што во изборен контекст

August 25, 2025

Почнува Баскерфест 2025: Караван на улична уметност со преку 25 артисти на 13 локации во девет градови

August 25, 2025

Во јуни 100 отсто од потрошената струја од домашно производство

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Архитектите и експертската јавност ќе ја предводат ревитализацијата на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk