Министерот за здравство Венко Филипче, поднесе писмена оставка од морални причини.
Филипче се реши на ваков чекор по трагедијата во Тетово во која животот го загубија 14 лица по пожарот на модуларната болница.
Тој ова го соопшти на денешната вонредна прес-конференција, а вчера на прес-конференцијата зборуваше дека нема намера да се повлече и дека ќе ја чека истрагата. Сепак, еден ден потоа се реши да отстапи од функцијата министер за здравство.
Исто така и директорите на тетовската болница и заменик-министерот за здравство попладнево најавија дека поднесуваат оставки од функцијата, од морални причини, по трагедијата во модуларниот центар во кој загинаа 14 луѓе.