ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Државата ќе изгуби голем човек на значајна функција, гласат дел од коментарите за поддршка на министерот Филипче

September 11, 2021 14:26
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓаните се со поделени мислења околу прашањето дали треба да биде прифатена понудената оставка на министерот за здравство Венко Филипче од морални причини, како резултат на пожарот кој предизвика огромна трагедија во модуларната болница во Тетово. Иако повеќето ја поздравуваат неговата постапка со која покажа голема одговорност и емпатија, сепак не сите се согласни Филипче да ја напушти раководната функција во Министерството за здравство.

Како причини, корисниците на социјалните мрежи, ги наведуваат големиот број постигнувања во областа и успешните реформи, како и унапредување на условите за работа на здравствените работници и покачувањето на нивните месечни примања. Филипче поддршка добива и од неговите колеги доктори и останатиот медицински персонал, но и од пошироката јавност која го поздравува за успешното справување со ковид пандемијата.

„Величина од човек. Македонија немала подобар министер за здравство од Венко Филипче!“, споделуваат здравствените работници на социјалните мрежи, набројувајќи само дел од неговите успеси, како што се укинувањето на паралелниот увоз на лекови меѓу кои инсулинот како најштетен, достапноста на сите лекови на рецепт без оглед на денот во месецот, подигање на свеста за донирање органи што спасува животи, обезбедување најсовремени медицински апарати и друго.

„Венко нема да остане вечно на таа позиција. Но, кога и да замине, со оставка или без неа, единствено нешто што ќе добиеме, ќе биде фактот дека скептиците ќе си ги наполнат ситните души, а државата ќе изгуби голем човек на значајна позиција. Ништо друго“, пишуваат колегите на министерот Филипче, нагласувајќи ја неговата човечка димензија.

Според нив, оставка од позицијата треба да биде дадена единствено во случај на утврдување кривична одговорност и повикаа министерот да продолжи да ја обавува функцијата, иако разбираат дека трагедијата го погодила и жали за жртвите. Токму во насока на утврдување на кривична одговорност денеска во земјава пристигнаа и експерти за пожари од Германија, кои ќе им помогнат на домашните вештаци во утврдување на причините за пожарот, со што дополнително се потврдува независноста на истрагата.

Од друга страна, единствено симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ, поттикнати од соопштенијата на партијата и апелите од нејзините раководни лица, шират сомнежи за независноста на истрагата и се обидуваат да профираат од трагедијата која ја зави земјата во црно.

Иако скоро и да не сведочевме на понесување морална одговорност од функционерите кога ВМРО-ДПМНЕ управуваше со државата, сега партијата е најгласна кога станува збор за морал и етика, па најново е дека не се задоволни само од оставката на министерот Венко Филипче, туку и од премиерот Зоран Заев, што само по себе го докажува обидот на опозиционерите да ја политизираат трагедијата.

Next Post

Кралицата Елизабета со порака до Бајден: Моите мисли и молитви се за жртвите и преживеаните од нападите на 11 септември

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk