ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Европскиот воз“ пристигна во Скопје

September 13, 2021 22:59
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Европскиот воз“ вечерва пристигна на железничката станица во Скопје, во рамки на глобалниот настан „Connecting Europe Express“ со кој се одбележува Годината на железницата, како еден од најодржливиот, најбезбеден и иновативен начин на транспорт.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, кој со возот вечерва пристигна од Белград каде учествувше на Самитот посветен на развој на Железницата во земјите од Западен Балкан, рече дека „Европскиот воз“ како симбол на поврзаност на земјите, сам по себе говори за нашата стратешка визија да станеме полноправна членка на европското семејство.

-Европскиот воз како што сакаме да го нарекуваме, за нас претставува доказ за пријателство, доказ за одличната соработка што ја имаме со нашите партнери од Европската Унија за поддршката што ни ја овозможуваат во развој и модернизација на целиот транспортен сектор, изјави Бочварски.

Република Северна Македонија, посочи тој, е природен крстопат помеѓу Истокот и Западот и овде минуваат двата европски патни правци, Коридор 8 и Коридор 10, што ја става земјата во позиција каде преставува значаен транзит во делот на транспортот на патници и стоки.

-Од тие причини, регионалното поврзување и модернизација на транспортната инфраструктура во земјата се високо на агендата на Владата. Декларацијата и меморандумите за соработка што денеска ги потпишавме во Белград со железниците од земјите од Западен Балкан во соработка со Европската Унија е само потврда на континуитетот на унапредување и модернизирање на железницата како во Република Северна Македонија така и во земјите во регионот. Ова е заеднички влог за сите нас, за економски развој, за просперитет на идните генерации, изјави Бочварски.

Модернизација на железничкиот сообраќај, посочи Бочварски, е посебен предизвик за нас како држава, додавајќи дека освен инвестицијата од преку 200 милиони евра на Коридорот 8, е извршена рехабилитација и на неколку делници на Коридор 10, со што е подигната безбедноста на сообраќајот и овозможено е побрзо движење на возовите до 120 километри на час.

Евроамбасадорот Дејвид Гир, на настанот организиран по повод пристигнувањето на „Европскиот воз“ во Скопје, порача дека ова ја претставува симболиката за подобра поврзаност, која е високо на агендата на ЕУ и нејзината амбиција – единствена мрежа по копно, вода и воздух, што ќе ги поврзува сите луѓе и пазари.

– Трансапортот е високо на агендата на ЕУ во Северна Македонија. Над 300 милиони евра од ИПА фондовите и инвестициската рамка за се доделени за овој сектор од 2007 година. Затоа имаме добра причина да ја славиме 2021, како европска година на железницата, изјави Гир.

Треба, нагласи Гир, да работиме на создавање услови за што поголемо користење на железницата и да поттикнеме што повеќе луѓе од цела Европа да ги користат возовите, со цел позелена и поодржлива транспортна иднина.

„Европскиот воз“ во рамки на „Connecting Europe Express“ предвидено е да посети 26 земји од Европа. Следна негова станица е Атина, во соседна Грција. Патувањето го започна на 2 септември во Лисабон, Португалија, а ќе го заврши, на 7 октомври во Париз, Франција.

извор: МИА

Next Post

СДСМ: Недозволивата политизација на трагедијата го покажа непознавањето на Мицкоски на Уставот и законите

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025
генерирано со ВИ

Дончиќ за натпреварот со Мајами: Можевме да постигнеме 150 поени

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk