ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев и директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница Копач: Активните политики на Владата за користењето обновливи извори ја имаат поддршката од Секретаријатот на Енергетската заедница

September 13, 2021 18:15
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев го прими директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница, Јанез Копач, кој учествуваше на „Македонскиот енергетски форум 2021: Мапирање на енергетската иднина“, кој во организација на ЗИП Институтот, Амбасадата на Соединетите Американски Држави во земјата и Владата на Република Северна Македонија, денеска и утре се одржува во Скопје.

На средбата беше изразена благодарност за поддршката којашто ја дава Секретаријатот на Енергетската заедница за имплементација на законодавството во делот на енергетиката во Република Северна Македонија, пришто позитивно беше оценет напредокот во реформите во легислативниот дел, во насока на имплементација на Третиот енергетски пакет на законодавството на Европската Унија.

Премиерот Заев со задоволство истакна дека за разлика од минатото, Владата активно работи на искористување на она што ја карактеризира нашата земја, а тоа се сонцето, ветерот и водата, за успешно постепено менување на производството на електрична енергија од јаглен со производство на електрична енергија од обновливи извори.

Притоа премиерот Заев информираше за различните фази на инвестициите, споменувајќи ја фотонапонската електрана во Осломеј од 10 мегавати, која до крај на октомври годинава ќе биде готова, односно вкупно 170 мегавати електрани на сонце или 10 пати повеќе од 17-те мегавати изградени во претходните 11 години.

Истакнувајќи дека Владата е насочена кон обезбедување погодни услови за инвестирање особено во енергетскиот сектор, премиерот Заев подвлече дека со донесувањето на Законот за стратешки инвестиции, се отворија можности за препознавање на заложбата на Владата од страна на големите инвеститори пришто за нив се подобрија условите и веќе неколку сериозни инвеститори доставија официјални проекти за стратешки инвестиции како што се „WPD“ од Германија за изградба на 415 мегавати ветерна електрана,  „EFT Group“ за изградба на 80 мегавати фотонапонска електрана, неколку други сериозни инвеститори искажаа интерес за инвестирање во големи енергетски инфраструктурни објекти, односно проекти вредни стотици милиони евра.

Директорот Копач до премиерот Заев упати честитки за позитивниот исчекор напред направен во изминатиот период посочувајќи дека земјата бележи напредок во однос на имплементација на законодавството на Европската Унија од областа на енергетиката.

На состанокот позитивно беа оценети досегашните реформски процеси во поглед на потребната законска усогласена регулатива во насока на понатамошно следење на новите трендови од ЕУ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: ЦУК

Пожарот во дојранско Николиќ опасност да ги зафати околните шуми, Грција испрати два канадери

July 12, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Куќен притвор за едно, а мерки за претпазливост за друго лице вклучени во нападот врз Арсовска

July 12, 2025
Генерирано со ВИ

Реакции на Кошта и европски лидери за царините на САД: ЕУ е подготвена да ги заштити своите интереси

July 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гордоста ми удри во чело – и ми извади око

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чупеска за Фронтлајн: Власта ја занемарува интеркултурната комуникација и ги продлабочува поделбите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Tошковски: Имало физички контакт при нападот врз Арсовска, но лага е дека се се случувало пред полицијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Арсовска со драматични обвинувања кон МВР: Се обидуваат да го заташкаат тепањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk