Премиерот Зоран Заев по денешносто обраќањето на Енергетскиот форум Македонија 2021, зборуваше за трагедијата во ковид-болницата во Тетово. Според Заев, загубата е огромна, но не смета дека треба целата Влада да поднесе оставка.
„Огромна е трагедијата, загубата е огромна. Најтешко им е на семејствата на загинатите. Но, не мислам дека цела влада треба да поднесе оставка“, изјави Заев.
На прашањето дали министерот за здравство венко Филипче доаѓа на работа, тој одговори потврдно.
„Филипче доаѓа на работа и ќе доаѓа сè додека правно не бидат завршени сите работи, и до доаѓање на нов министер“, рече Заев.
На крајот Заев кажа да се остават професионалците да ја завршат работата, и потоа ќе бидат дадени сите одговори околу трагедијата во Тетово.
Извор: ТВ 21