ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Царовска: Бројот на новозаразени ученици вчера е помал, засега нема индикација за промена на наставниот модел

September 15, 2021 12:17
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Вчера бројот на позитивни ученици во училиште е 0,01, што значи дека се помалку новозаразени во споредба со понеделникот. Досега немаме индикација дека наставниот модел треба да се менува, но во моментот кога ќе добиеме индикација за промена на моделот ние сме спремни така да постапиме, изјави денеска министерката за образование и наука Мила Царовска.

– Епидемиолозите следат, Комиисјата за заразни болести следи, информациите ги добиваат и тие, како што ги добива МОН, и тие дејствуваат врз основа на општина, регион, училиште. Упатувам на тоа дека во училиште се 240 илјади ученици, а вчера бројот на позитивни ученици во училиште е 0,01, што е навистина многу низок процент. Очекувам дека ќе успееме да се одржиме во ниски проценти, затоа што највисок интерес на учениците е да бидат во училница, нагласи Царовса.

Апелираше до директорите, наставниците, родителите да ги почитуваме протоколите, да ги заштитиме своите деца, да им обезбедиме и право на учење кое е основно детско право.

Во однос на укажувањата од Народниот правобранител, Царовска посочи дека протоколите, како и планот за работа и трите сценарија се усвоени на владина седница во координација со Комисијата за заразни болести, уште во јули.

– Во моментов го спроведуваме сценариото физичко присуство во училиште, за сите ученици на цела територија освен Тетово и Гостивар кои започнуваат од следниот понеделник со настава со физичко присуство, вчера Владата ја донесе истата оваа одлука. Но, се останато може да е размислување на одредена институција, но најрелевантни за тоа дали треба да се скратат часовите, не треба да се скратат, дали има здравствен проблем или нема, ниту е МОН, ниту е Народниот правобранител туку е Комисијата за заразни болести. Од страна на Комисијата протоколите се усвоени и како такви детално се практикуваат, доколку има потреба од промена на истите јас сум сигурна дека Комисијата ќе не алармира, но досега такво нешто немаме, рече Царовска.

Тоа што го спроведува нашата држава, додаде, го спроведуваат и сите држави во светот дури и најразвиените.

Царовска, одговарајќи на новинарско прашање информираше дека процентот на вакцинирани наставници е висок и изнесува над 74 процнети.

– Мислам дека до крајот на месецот ќе постигнеме и едно соодветно ниво како што велат здравствените власти за колективен имунитет кај наставниците и тоа е речиси два пати повисок број од националниот стандард и ме радува тоа бидејќи тоа покажува висока свесност кај наставниците за потребата од континуитет во настава, заклучи Царовска./МИА/.

Next Post

Еднаш месечно бесплатен влез во музеите и историските локалитети во Охрид

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk