ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Димитров: Македонските предизвици кон ЕУ се предизвици за самата Унија

September 15, 2021 18:12
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Политиката на проширување со земјите од Западниот Балкан е од особена важност за адресирање на прашањата кои ја засегаат иднината на Европа, потенцираше вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, кој попладнево во Солун, се обрати на специјалната дискусија за европската перспектива на регионот „Западниот Балкан учествува во дијалогот за иднината на Европа“, иницирана од страна на грчкото МНР како дел од Конференцијата за иднината на Европа.

-Главниот фокус на дискусијата беше ставен на важноста од вклучување на земјите и граѓаните од регионот во делиберативниот процес за иднината на Европа со цел заеднички придонес во дефинирањето на приоритетите на европската интеграција, соопшти МНР.

-Токму во Солун пред 18 години Европската Унија даде ветување за европска иднина на Западниот Балкан, како израз на геополитичката посветеност за комплетирање на Европа. Неисполнувањето на ова ветување има сериозни последици врз довербата на земјите од регионот, но и кон граѓаните и навистина е тешко да се одржи европскиот наратив.  Евроинтеграцискиот пат на Северна Македонија е особено драстичен случај, тоа што ЕУ сé уште не е во состојба да ја спроведе минатогодишната одлука за почеток на пристапни преговори зборува многу и за предизвиците и проблемите со кои се соочува Унијата, рече Димитров.

Во тој контекст, Димитров посочи дека учеството на земјите и граѓаните од регионот во Конференцијата за иднината на Европа носи големи придобивки за сите страни во процесот како можност за обновување на заемната доверба и обединување во однос на приоритетните прашања.

-Се соочуваме со различни предизвици кои имаат глобална природа и чие справување налага заеднички одговор. Поврзаноста на Западниот Балкан со ЕУ не е само географска, овој регион има посебна важност кога станува збор за стабилноста на Европа така што пристапување на регионот не може да се третира како засебно прашање. Навистина е потребен конкретен исчекор, настрана сите дадени ветувања и зборови содржани во различни стратегии и изјави. Иднината на Европа им припаѓа на младите и наша задача е тоа да го исполниме што е можно побрзо бидејќи изгубивме многу време, рече Димитров.

На настанот организиран од алтернативниот грчки министер Милтиадис Варвициотис, учествуваа и министрите за европски и надворешни работи од регионот, како и евророкомесарот Вархеји и словенечкиот претставник на претседателство со Советот на ЕУ Гашпер Довжан, при што, наведуваат од МНР, беше испратен силен и јасен сигнал за потребата од напредок во процесот на проширување.

извор: МИА
Next Post

Црвенковска: Намалувањето на бројноста на судиите штетно ќе се одрази врз функционалноста на судскиот систем

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

ФФМ и ФК Брегалница го осудија инцидентот во Штип

August 24, 2025
Фото: Цивил Медиа

Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

August 24, 2025

Мицкоски: Она што го направи ВМРО-ДПМНЕ овие два дена е новитет на политичката сцена во Македонија, за Скопје се приоритетни три столба

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk