ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Средба помеѓу вицепремиерот Битиќи и постојаната претставничка на УНДП Сахакјан – Плодната соработка вроди со многу успешни проекти во изминатите неколку години

September 15, 2021 17:34
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денеска одржа средба со постојаната претставничката на УНДП во Република Северна Македонија, г-а Нарине Сахакјан.

Вицепремиерот Битиќи и Сахакјан на средбата разговараа за отпочнување на втората фаза од имплементацијата на проектот „Поддршка за националната развојна стратегија 2021-2041“.

Во првата фаза на проектот беше изготвена модерна и иновативна методологија, додека во втората фаза ќе се формулира текстот на стратегијата. Темите кои стратегијата ќе ги опфати ќе се дефинираат преку инклузивен и партиципативен процес кој цели да вклучи што повеќе заинтересирани страни. Обете фази до сега се финансиски поддржана од Обединетото Кралство. Проектот се спроведува со техничка поддршка од страна на  Програмата за развој на Обединетите Нации УНДП и со активно учество на Канцеларијата на Постојаниот координатор на ОН преку која ќе се стави во функција колективното знаење и искуство на сите агенции на ОН во земјата.

Битиќи и Сахакјан исто така разговараа за соработката меѓу Владата, УНДП и другите агенции на Организацијата на обединетите нации за потенцијален нов проект, финансиран од „Фондот за Целите за одржлив развој“ на ОН, со кои би се создале нови можности за зелено финансирање и би се забрзала транзицијата кон обновливи извори на енергија и зголемена енергетска ефикасност.

Постојана претставничка на УНДП Сахакјан, чијшто тригодишен мандат во земјата истекува во октомври 2021, ја искористи средбата за да му се заблагодари на Заменик на претседателот Битиќи за успешната соработка со Владата во изминатите години, нагласувајќи дека УНДП ќе продолжи да биде близок развоен партнер на Република Северна Македонија во насока на остварување на националните приоритети и Целите за одржлив развој од Агендата 2030.

Вицепремиерот Битиќи на маргините на состанокот упати благодарност за личниот и професионален ангажман на постојаната претставничка на УНДП Сахакјан и воопшто до Програмата за развој на Обединетите Нации, за реализација на проекти поврзани со остварувањето на глобалните цели за одржлив развој. Тој посочи дека во изминатиот период имале навистина плодна и конструктивна соработка, која во иднина ќе донесе бенефит за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Битиќи и посака на Сахакјан со иста посветеност и успех  да работи и на новата позиција, пришто потенцираше дека соработката помеѓу Владата и УНДП и во иднина ќе биде на високо ниво.

 

Next Post

Попладневен преглед: Штип добива најмодерна пречистителна станица во регионот, решаваме децениски проблеми во правосудството

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

ФФМ и ФК Брегалница го осудија инцидентот во Штип

August 24, 2025
Фото: Цивил Медиа

Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

August 24, 2025

Мицкоски: Она што го направи ВМРО-ДПМНЕ овие два дена е новитет на политичката сцена во Македонија, за Скопје се приоритетни три столба

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk