ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Исплатени 230,1 милион денари за субвенции по повеќе мерки

September 16, 2021 13:39
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

На сметките на 4.846 земјоделци исплатени се 230,1 милион денари субвенции, соопшти денеска Платежната агенција.

По три денари за килограм добија градинарите кои оствареното производство од пријавените површини го предале во преработувачки капацитети. Денеска, за оваа мерка на сметките на 3.310 градинари се префрлени 168,9 милиони денари . Вчера, пак, беше исплатена и финансиска поддршка за градинарите кои минатата година имаа произведена зелка во период од 5 април до 5 мај 2020 година. Тие добиваат по 3 денари за килограм, односно, вкупно 708 лица кои имаа произведено пролетна зелка од почеток на април до почеток на мај лани и истаата ја имаа предадено кај регистрирани откупувачи добија 30,4 милиони денари.

Според директорот на Платежната агенција, Никица Бачовски, средства добија и земјоделците кои произведените овошни култури ги предале во преработувачки капацитети. За оваа мерка се исплатени 16,7 милиони денари на 172 овоштара или три денари за килограм произведено и предадено овошје во преработувачки капацитети.

Бачовски најави и дека утре, на сметките на 656 мали земјоделски стопанства ќе бидат исплатени над 14 милиони денари.

– Исплатата на преостанатите мерки ќе продолжи. Сите кои стекнале право за добивање финансиска поддршка и не се должници за вода, пашарина или закуп на земјоделско земјиште ќе си ги добијат срествата за мерките за кои имаат аплицирано. Земјоделците се наш партнер, нивно е да произведуваат квалитетни култури а Владата и Агенцијата ќе продолжат да креираат мерки и политики кои ќе овозможат поволни услови за развој на агро – секторот, истакнува Бачовски.

извор: МИА

Next Post

Шилегов: Со 110 км велопатеки и 12.000 нови велосипеди, Скопје е подготвено за европската недела на мобилност

НАЈНОВО

Фото: МИА

Марш за ангелите во Кочани: Родителите до институцииите – „Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми“

November 8, 2025

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

November 8, 2025
Футуристички колаж со човечки профил во силуета, неуронска мрежа што се спојува со галактичка светлина во златно-сини тонови – симбол на свесниот универзум.

Космосот што размислува: Науката зад идејата за свесен универзум

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk