ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Николовски на средба со австриската министерка за правда Задиќ: Северна Македонија има голем исчекор во исполнување на стратешките цели

September 16, 2021 15:19
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во рамки на работната посета, на Виена, Република Австрија, денеска заменикот-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, имаше работна средба со Федералната министерка за правда на Република Австрија, Алма Задиќ. На средбата вицепремиерот Николовски ги презентираше тековните и идните владини мерки за борба против корупцијата. Воедно Николовски ја информираше министерката Задиќ за усвојувањето на Националната програма за усогласување со на европското законодавство 2021-2025, и изрази благодарност за поддршката на Австрија на реформскиот процес во Северна Македонија особено во областа на владеењето на правото.


“Со министерката Задиќ сме предводници на една млада генерација на политичари кои имаат искрени намери за нови промени кои резултираат со храбри политики и мерки за општество што почива на ред, правда и функционалност. Северна Македонија направи голем исчекор во однос на исполнување на стратешките цели, членството во НАТО, а нашите резултати и капацитети и нашата подготвеност за почеток на преговори со ЕУ, се неспорни. Сега фокусот го ставаме на борбата против корупцијата и криминалот, не затоа што ЕУ го бара од нас, туку затоа што имаме обврска кон граѓаните да им овозможиме подобри услови за живот во општество еднакво за сите”, рече вицепремиерот Николовски на средбата со австриската министерка за правда.

Министерката Задиќ, порача дека Австрија останува отворена за експертска помош на Северна Македонија во делот на борбата против корупција.
„Вашата земја направи многу во поглед на евроинтеграциите, а клучен е напредокот што го направивте во борбата против корупцијата. Австрија останува силен поддржувач на Северна Македонија. Сите наши искуства, особено во делот на владеење на правото и борба против корупцијата ќе ви останат на располагање”, рече министерката Задиќ.

При официјалната посета на Виена, во текот на вчерашниот ден, вицепремиерот Николовски имаше работни средби со извршната директорка на Канцеларијата на Обединетите нации за борба против дрога и криминал (UNODC), Гада Фати Вали, како и со директорот на Одделот за спогодбени работи на UNODC и неговиот тим експерти, на кои се разговараше за досегашната соработка во рамки на Регионалната програма на UNODC за Југоисточна Европа.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Бугарија ќе го продолжи онлајн пописот за една недела

НАЈНОВО

ВИ

Силен земјотрес во Аргентина со јачина од 5,7 степени

October 22, 2025

Без струја делови од неколку скопски оштини

October 22, 2025
Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 22 октомври

October 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    Бучковски: Потфрлувањето кај ВМРО-ДПМНЕ е евидентно, опозициските партии да соработуваат во вториот круг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Врисокот на Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Данела Арсовска по соопштението од Владата: Мицковски несреќо, на кого се закануваш?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk