ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Симовски: Текот на пописот е во рамките на она што го очекувавме, просекот на попишување е околу 100.000 лица

September 16, 2021 11:08
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Апостол Симовски, Директор на ДЗС (фото: МИА)

Апостол Симовски, Директор на ДЗС (фото: МИА)

Share on FacebookShare on Twitter

Текот на пописот е во рамките на она што го очекувавме, па дури и со темпо кое што мислиме дека е подобро од очекуваното. Дневно во работни денови, просекот на попишување е околу 100.000 лица, за викенд е нешто подобро и очекуваме следниот викенд да биде уште подобро, изјави денеска директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски, во „Утрински брифинг“.

Факт е, посочи Симовски, дека населението масовно ја прифаќа оваа операција и сите обидите пописот да се бојкотира и пропадне, паѓаат во вода.

– Цел на напади, откако почна пописот е нашата веб страница, меѓутоа таа нема врска со делот на пописот. Не станува за софтверски проблеми, туку за милионски постојани напади во текот на сите овие денови. Имаше обид да се нападне и системот за попсот. На два пати се има тоа случано и двата пати се успешно одбиени. Немаме повеќе такви случаи, смета Симовски.

Постојат, посочи Симовски, одредени структури кои што не сакааат пописот да се спроведе.

– Не можам да разберам од која причина. Ако е причината борба за власт или било што друго, а притоа да се уништи државата, тогаш чуму е таквата власт. Меѓутоа, очигледно дека постојат такви структури и можеби имаат нешто вмешано и во вој дел, но не знам и не сакам да шпекулирам, изјави Симовски.

Во однос на информациите за бројот на граѓани кои се изјасниле како Бугари, Симовски рече дека никој досега немал пристап до базата со податоци за да може да постои таква информација.

– Тоа е „чиста глупост“ и мислам дека такво нешто не заслужува коментар. Никој жив досега нема влезено во податоците кои се собрани од пописот. Ниту едно, единствено лице. Целиот систем е со однапред предвидена заштита за било какво влегување во него, па дури и од нашите вработени, изјави Симовски.

Податоците, посочи Симовски, ќе бидат достапни откако ќе заврши пописот и вкупната обработка.

извор: МИА

Next Post

Шекеринска во посета на САД – средби во Пентагон и Вермонт

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk