ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шахпаска: Унапредувањето на квалитетот на стручниот кадар е предуслов за квалитетно предучилишното образование​

September 20, 2021 18:28
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Подигнување  на квалитетот на услугите во предучилишното образование и грижа што треба да доведе до поголеми образовни постигнувања, личен развој и социјална вклученост на децата, беше тема на денешната средба на министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска со експертскиот тим кој работи на Проектот „Подигнување на квалитетот на предучилишното образование и грижа“, финансиран во рамите на Акција 4 „Образование, вработување и социјална политика“ од Акциската програма на ИПА 2017.

Министерката Шахпаска оцени дека врвен приоритет е да се обезбеди најдобриот модел, со кој ќе се унапреди квалитетот на предучилишното образование на децата, преку унапредување на квалитетот на стручниот  кадар во градинките.

На средбата, министерката посочила дека проектот ќе придонесе за побрз професионален и кариерен развој на стручниот кадар во градинките според европските стандарди. Таа предложила воспоставување на мерит систем заснован врз објективни вредности.

– Мерит системот ќе придонесе за унапредување на улогата на стручниот кадар во градинките. Тој ќе биде заснован на вредности кои ќе гарантираат објективност. Кариерниот развој ќе биде според постигнатите резултати. Сакаме да ги градиме вредностите. Само така ќе го унапредиме квалитетот на образованието во предучилишната возраст. Тоа значи и мотивација за вработените за надградба и унапредување, рече Шахпаска.

Од Министерството за труд и социјална политика информираат дека воведувањето на систем на обуки и креирање на модели, лиценцирањето на стручните лица и зајакнување на родителското учество во детските градинки, особено на родителите на деца во ризик и деца кои се социјално исклучени се дел од моделите преку кои ќе се унапредува квалитетот во предучилишното образование. /МИА/

Next Post

Заев: Во законот јасно пишува дека за монтажни објекти се прави примо предавање и не се издава градежна дозвола

Shortcut

Најново

СДСМ со обвинувања за скандал без преседан: Државата се откажа од заштитата на Арабати баба-теќе во Тетово

June 12, 2026

Награди на 60. МТФ „Војдан Чернодрински“: „Страв и надеж“ на МНТ – најдобра претстава, „Црнила“ со пет награди

June 12, 2026

Спасовски: Мицкоски нема намера да напрви ниту чекор кон ЕУ

June 12, 2026
Фото: Влада

Мицкоски од Истанбул: Презентираме силна владина поддршка за привлекување нови турски инвестиции

June 12, 2026

Вонредни избори или национален консензус за ЕУ-агендата

June 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk