ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Ла Кроа“: По две децении, ултра чувствителен попис во Северна Македонија

September 26, 2021 16:13
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО

Францускиот дневен лист „Ла Кроа“ со репортажа се осврнува на пописот на населението во Северна Македонија, кој се организира по две децении „нарекувајќи го ултра чувствителен попис, пренесува дописникот на МИА.

 -Поранешната југословенска република, каде што мнозинството Македонци словени живеат заедно со големо албанско малцинство, се нема преброено од 2002 година. Поради потенцијалното влијание врз етничките заедници, тоа е деликатна операција, извор на фронтовски битки, пишува „Ла Кроа“ и потсетува дека „Пописот, од суштинско значење во земја која претендира да влезе во Европската унија, треба да се одржува на секои десет години, но досега наидуваше на силен отпор.“

Новинарот на АФП ја следи работата на Илина Димитријевска, која оди од куќа до куќа во Илиден, претежно населено место источно од Скопје со македонско насление, нејзината работа е едноставна.

„Се оди добро овде, ниту еден агент не е одбиен“, вели младата жена. Сличан е констатацијата и Вјолца Мустафа од Сарај која ги попиѓшала сите членови на нејзиното семејство.

Францускиот весник потсетува дека Уставот на земјата дава одредени права за секоја етничка заедница која е повеќе од 20 отсто од населението, на национално ниво, како и на локално ниво. Како распределбата на одредени јавни функции, полицијата, војската или министерства, подлежи на етнички квоти. Употреба на различни јазици во официјални документи или во образованието исто така.

Последниот попис се одржа една година по конфликтот во 2001 година меѓу албанските бунтовници и македонските сили.

Земјата тогаш имаше 2,1 милиони жители, две третини Македонци, 25 отсто Албанците, како и српско, босанско, ромско или турско малцинство.

Но, оттогаш, експертите проценуваат дека населението паднало на 1,6 или 1,7 милиони поради масовната емиграција.

Во 2011 година беше прекинат обидот за попис, со обвинувања меѓу едтничките заедници за обиди за зголемување на бројките.

Според националниот завод за статистика, неколку дена пред крајот на работата на 30 септември, повеќе од 1,3 милиони луѓе одговориле на прашања за нивната верска и етничка припадност, мајчин јазик, користен јазик, ниво на образование или приход.

Но, операциите ги оспоруваат одредени заедници кои однапред ја обвинија социјалдемократската влада на Зоран Заев дека сака да ги фалсификува резултатите.

Пратеникот Димитар Апасиев, лидерот на левичарската опозициска партија Левица се залага за бојкот со образложение дека методологијата што се користи ќе биде неповолна за Македонците. Тој тврди без да даде докази дека 200.000 луѓе го следат неговиот повик.

Емин Хусев, претставник на турската заедница, предупреди дека ако „Турците се помалку од седум проценти, тие нема да ги признаат резултатите“. Истата приказна со ДУИ, албански партиципиент во владината коалиција, за која операцијата ќе биденелегитимна доколку Албанците се најдат под 20 отсто.

Проблемот меѓу Северна Македонија и Бугарија, која ја блокира кандидатурата на Скопје за ЕУ барајќи од земјата да ги признае нејзините „бугарски корени“, исто така се прелева и на пописот.

Во Софија, некои политичари го обвинуваат Скопје дека врши притисок врз 130.000 жители, кои имаат бугарски пасош да не се изјаснат дека имаат бугарско потекло.

Владата тврди дека недостатокот на демографски податоци го отежнува планирањето на потребите на населението и државата.

Правата на заедниците „ќе останат апсолутно исти“, вети Зоран Заев. „Главната цел е да знаеме колку граѓани имаме, колку живеат во странство за да можеме да планираме“.

Од своја страна, ВМРО-ДПМНЕ, десничарската опозиција, која првично се спротивстави на пописот обвинувајќи ја владата дека сака да го зголеми бројот на албанското население, а потоа се повикуваше и на ковид-кризата, на крајот заврши со приклучување кон него. Иако предупреди дека внимателно ќе ги следи резултатите, очекувани на почетокот на 2022 година, пишува „Ла Кроа“. 

Next Post

Јубилејна 100. победа во Формула 1 за Луис Хамилтон

НАЈНОВО

Гардијан: Венс во февруари барал замена за Зеленски, Залужни одбил телефонски повик

August 25, 2025

Остатоците од ураганот „Ерин“ стигнуваат во Европа – се очекуваат ветрови, обилни дождови и бранови до 12 метри

August 25, 2025
Ацо Лукароски. Фото: лична архива

Што ѝ прави Мадуро на Венецуела

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Архитектите и експертската јавност ќе ја предводат ревитализацијата на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk