Мохамед Салах вчера постигна гол за Ливерпул на гостувањето во Лондон против Брентфорд во Премиер лигата, во натпреварот што заврши нерешено 3:3. Тоа беше 100-ти гол на Египќанецот во англиското фудбалско првенство.
Сите 100 голови што ги постигна Мохамед Салах во Премиер лигата во дресот на Ливерпул:
За да стигне до оваа граница, на Салах му беа потребни 151 натпревар.
Претходниот рекорд го држеше Роџер Хант, кој постигна 100 голови за Ливерпул во англиската Премиер лига на 152 натпревари.
Ј. Ѓ.