ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бесими со бизнис заедницата: Двојно зголемување на економскиот раст со Планот за финансирање забрзан раст

September 27, 2021 18:39
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска оствари средби со претставници на Стопанската комора на Северна Македонија, Сојузот на стопански комори на Македонија, Стопанската комора на Северозападна Македонија и МАСИТ.

На средбите беа презентирани препораките, кои произлегоа од Конференцијата што ја организираше Министерството за финансии во рамки на Економскиот и финансиски форум,  а кои треба да бидат усвоени од Владата и се дел од Планот за финансирање на економското заздравување и забрзување на економскиот раст кој е во завршна фаза на подготовка во Министерството за финансии и кој, исто така, беше дискутиран на средбите.

– Во насока на заложбите за фискална консолидација, а воедно и заложбите за двојно зголемување на економскиот раст и постигнување повисоки годишни стапки на раст на БДП од околу 5%, во Министерството за финансии е подготвен Планот за финансирањето на економското заздравување и забрзување на економскиот раст . Овој план дава одговор за нови начини за пристап до капитал за финансирање на заздравувањето и забрзувањето на економскиот раст, преку проекти во јавниот и приватниот сектор, рече министерот за финансии пред стопанствениците.

Тој додаде дека целта на планот е да се зголемат вкупните инвестиции во економијата, а притоа да се остане на зацртаниот курс постепено да се намалува фискалниот дефицит, а со тоа и да се задржи долгот на стабилно ниво.

– Главната поента на овој план е преку креирање и користење нови механизми, инструменти, фондови и извори на финансирање да се создаде позитивен мултипликативен ефект, односно покрај планираните јавни инвестиции во износ од четири милијарди евра за периодот 2022-2026 година, финансирани од буџетот, ИПА фондовите и меѓународните финансиски институции, да се мобилизираат повеќе средства и инвестиции од приватниот сектор. Со тоа, ќе се зголемат и вкупните инвестиции и ќе се забрза растот на бруто-домашниот производ и отворањето нови работни места, потенцира министерот Бесими.

Од МФ објаснуваат дека планот се состои во креирање развојни фондови, фондови за поддршка на иновации, гарантни фондови, развојни и проектни обврзници, фондови за ризичен (venture) капитал и слични инструменти за поддршка на извозни компании, мали и средни претпријатија, како и претпријатија со висока општествена одговорност. Се планираат јавно-приватни партнерства, концесии и други инструменти за финансирање јавни капитални проекти, но и на приватниот сектор.

Планот за финансирање на заздравување и забрзаниот раст предвидува поддршка на проекти во јавниот и приватниот сектор кои ќе значат подобрување на конкурентноста на економијата и подобрување на квалитетот на живот, односно ќе опфаќаат области од животната средина, дигитализацијата, иновации, човечки капитал и општествена инклузивност. Имплементатори ќе бидат Развојната банка, Фондот за иновации и технолошки развој, Дирекцијата за технолошко-индустриски зони и други институции со вклученост на комерцијалните банки и инвестициските фондови.

– Целта и очекуваните резултати од Планот за финансирање на економското заздравување и забрзан раст е  финансирање на заздравување на економијата погодена од КОВИД-19 и поддршка на забрзан и одржлив раст, а притоа одржување на фискална стабилност преку мобилизирање капитал од приватниот сектор, како дополнување на финансиските средства издвоени од буџетот. Очекувани резултати на среден рок од Планот се: двојно зголемување на економскиот раст од просечна стапка на раст од 2,5 отсто во изминатата декада на стапки на раст од 5 проценти; зголемување на инвестициите во јавната инфраструктура, како и зголемување на инвестициите кај приватниот сектор преку механизам на мултипликација на финансиите со приватни покрај јавните извори на финансирање; одржување фискална стабилност во рамките на Мастришките правила за јавен долг и буџетски дефицит, истакна министерот Бесими.

Тој додаде дека следствено на тоа, инвестициите и забрзаната динамика на раст ќе придонесат кон зголемување на работните места и подобрување на стандардот и квалитетот на живот на граѓаните.

Министерот Бесими на средбите со бизнис заедницата, напомена дека за годинава проектираниот раст на БДП е 4,1 отсто, но оти движењата во економијата и постигнатиот раст на БДП во вториот квартал од 13,1 отсто упатуваат на тоа дека може да се надмине проекцијата. Во наредните години се очекува интензивирање на економскиот раст, односно во 2022 година враќање на преткризното ниво и натамошно постепено забрзување.

Покрај планот за забрзан раст, се финализираат и Предлог-мерки за фискална консолидација и за поддршка на растот и развојот и новата Програма за економски реформи, информираат од Министерството за финансии.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Кошта од Тирана: Албанија би можела да биде во европското семејство дури и пред 2030 година

May 15, 2025
Белград (Фото: Rade Dr. / Pixabay)

Српски функционер призна дека фалсификувал документ за плац што го сака зетот на Трамп

May 15, 2025

Хаварија во Пинтија, од резервоар на приватен објект се излеале хемикалии

May 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

    ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Не можам да најдам разумно објаснување зошто ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициски партнери не го поддржаа законот за Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научници за прв пат претворија олово во злато

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk