ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Царовска: Претставници на финските образовни институции ни помагаат во имплементацијата на нашиот автентичен концепт за современо образование

September 27, 2021 12:32
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА

Задоволство ми е што финските образовни институции ни подадоа рака и помагаат во имплементацијата на промените во основното образование кои ги започнавме со стартот на новата учебна година и денес нивни претставници спроведуваат обука за ефикасно градење демократска училишна клима што ќе помогне во создавање генерации на ученици кои ќе бидат гласни во општеството и преку креативно и критичко размислување ќе придонесуваат кон неговиот развој.

Ова го истакна министерката за образование и наука Мила Царовска на отворањето на  обуката за поттикнување и проценка на партиципативна училишна клима која е наменета за директори, наставници и стручни соработници во училишта, а ја организира МЦГО со поддршка на УСАИД. Предавачи на обуката се претставници на Финската национална агенција за образование.

„Оваа обука се организира во вистинско време. Токму кога навлеговме во имплементацијата на промените кои ги предвидува нашиот автентичен концепт за унапредување на квалитетот на основното образование кој на младите треба да им овозможи стекнување на вистински вредности што всушност и треба да ги поседува секој европски граѓанин. За тоа е потребно напредно граѓанско образование, но и добра демократска училишна клима, која сите заедно, и институциите на системот и директно раководствата и вработените во училиштата треба да ја создадеме“, рече Царовска додавајќи дека, во постигнувањето на целта во голема мера ќе ни помогнат претставниците од Финска, чие искуство и препораки се исклучително важни, затоа што, како што рече токму нивната земја успеала да го изгради еден од најквалитетните образовни системи во светот.

„Благодарна сум што Финска ни помага, а тоа сметам дека е резултат на нивното согледување дека како Влада и како држава во развој навистина се трудиме да ги следиме глобалните образовни трендови и сакаме да напредуваме, сакаме да создадеме подобри услови и образовни можности за младите“, рече Царовска.

Next Post

Пристигнува нова пратка на фингерпринт апаратите

НАЈНОВО

Фото: МО

Македонски контингент испратен на меѓународната воена вежба „Saber Junction 25“ во Германија

August 21, 2025
Фото: Принтскрин, Видео: Евангелос Папајоану

(ВИДЕО) Сурфер со СУП даска им помогнал на татко и две деца кои се бореле со морските струи и брановите во близина на Солун

August 21, 2025

Тошковски: Нова седма по ред канцеларија на Управни служби на МВР во Ропотово, ја враќаме довербата на граѓаните

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk