Од Словенија денеска пристигна тажна и трагична вест за смртта на Жан Кофол, пожарникарот кого го портретиравме за време на пожарите во источна Македонија во август годинава. Кофол беше меѓу најмладите доброволци кои пристигнаа од Словенија и со денови учествуваше во гаснењето на огнената стихија во околината на Берово и Пехчево, објави Дојче веле.
Кофол го загуби животот во сообраќајна несреќа во близина на родната Нова Горица во вторникот на 28 септември, еден ден пред неговиот 20 роденден. Слава му!, пишува во објавата на Дојче веле.
Длабоко сочувство до семејството и до пријателска Словенија. Жителите на Берово и Пехчево, но и цела држава ќе ја памтат пожртвуваноста на Жан, напиша министерката за одбрана Радмила Шекеринска на својот фејсбук профил.