Осмиот Форум на граѓанско општество на Западен Балкан ќе се одржи денеска и утре во Скопје, во организација на Европскиот економски и социјален комитет.
На форумот, организиран од ЕЕСК во соработка со Европската комисија, ќе учествуваат, меѓу другите говорници, и премиерот Зоран Заев, кој ќе го отвори форумот, Криста Швенг, претседател на Европскиот економски и социјален комитет, Оливер Вархеји, комесар за соседство и проширување, кој ќе се обрати виртуелно, како и Гаспер Довжан, државен секретар во Министерството за надворешни работи на Словенија.
На форумот ќе се дискутира за тоа како да се подобри процесот на пристапување – веродостојна ЕУ перспектива за Западен Балкан, пост-ковид закрепнување – предизвици и можности на Економскиот и инвестицискиот план за Западен Балкан и Заедничкиот регионален пазар
Меѓу темите за коишто ќе се разговара ќе бидат и придонесот на организициите од граѓанското општество (ОГО) за Зелената агенда и одржливиот развој на Западен Балкан како дел од пристапниот процес во ЕУ, како и состојбата на социјалниот дијалог и граѓанскиот простор на Западен Балкан.