Го правела љубоморен Доналд со згоден војник, го сечела од фотките, за изборите легнала да спие – какви тајни испливаа за Меланија Трамп од времето кога беше прва дама?
Како секретар за односи со јавност на поранешниот претседател на САД, Стефани Гришам имала прилика од прва рака да го запознае семејството Трамп, а сега во нова книга ги изнесува сите мрачни тајни, што јавноста не ги знаела.
Книгата е насловена I’ll Take Your Questions Now, а во неа Гришам открива голем дел од работите што имала прилика да ги види.
Во продолжение повеќе факти за Меланија Трамп што таа ги изнесе во книгата:
Тајните служби ја викаа „Златокоса“ затоа што не излегуваше од Белата Куќа.
Доналд бил гневен на Меланија за скапата јакна од Зара при посетата на кампот со мигранти, а потоа решил да ја спинува веста, дека пораката била упатена за „лажните информации“.
Била гневна откако почнала да ги слуша приказните за наводните неверства на Доналд со порно-ѕвездата Сторми Даниелс и другите жени.
За да му се одмазди на Доналд намерно се појавила заедно со згоден војник во медиумите.
Го отсекувала Доналд во фотографиите што ги објавувала на социјалните мрежи.
Станала целосно незаинтересирана за животот во Белата куќа – за време на изборите, Меланија си легнала да спие.
За време на нападот на Капитол, Меланија била на фотосесија.
Ѝ било жал што ја напуштила работата како модел, па така за обично сечење лента барала да се повторуваат фотосесиите додека не биде задоволна.