ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шилегов на средба со пензионерите, одбележан светскиот ден на старите лица

October 1, 2021 16:29
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА

Градоначалникот Петре Шилегов денеска присуствуваше на одбележувањето на Меѓународниот ден на старите лица – 1 Октомври, што се одржа на просторот кај летниковците во вториот дел од Градскиот парк. На настанот присуствуваа претставници од здруженијата на пензионери кои финансиски ги поддржува Градот Скопје.

– Денеска е денот кога оддаваме признание на вас повозрасните за се што правите за нас и нашето општество. За вашиот удел во развојот на заедницата, за вашиот влог во перспективна иднина и вашиот труд за квалитетен живот. Со задоволство сакам да ви го честитам 1 Октомври, Меѓународниот ден на старите лица и да ви посакам долг и среќен живот. Голема е честа да стојам пред вас овде и да ви кажам дека знаењето, мудроста и искуството кое вие го имате за сите нас е вредност која не поттикнува. Затоа сум благодарен за несебичната поддршка која ја давате во локалната заедница и ве повикувам да продолжиме заедно да го градиме Скопје во уште поубаво место за живеење – рече градоначалникот Шилегов, на средбата.

Тој истакна дека негова заложба како градоначалник е континуирана поддршка на потребите кои ги имаат повозрасните граѓани, преку финансиска поддршка на Градскиот одбор на Сојузот на борците и Сојузот на пензионери на Град Скопје, бесплатниот јавен градски превоз за инвалидски пензионери, поддршката за активно стареење преку развој на дигитални вештини, креативни работилници и учење на занаети.

– Негата во домашни услови е исто така од особена важност за следење на здравјето како превенција, но и помош кога е потребно. Преку помагателите на Црвениот крст на Град Скопје им помагаме на сите лица со попреченост кои имаат потреба од поддршка во секојдневните активности меѓу кои се и повозрасните. За поголема независност и поефикасно функционирање, се обврзуваме услугата да ја продолжиме и развиваме. Бидејќи вашето здравје и среќата се наш приоритет. И тука со задоволство сакам да ви соопштам дека нашата грижа за вас повозрасните ќе продолжи и преку овозможување на бесплатен медицински транспорт до здравствените институции низ градот. За поефикасен, побезбеден и побрз транспорт до саканата цел, ќе овозможиме навремено пристигнување и одговарање на потребите на лицата од трето доба. Исто така, со задоволство сакам да ви претставам дека ќе овозможиме целосно бесплатен јавен градски превоз за сите пензионери, секој ден и во секое време. Нашата поддршка кон вас е се посилна. Нашиот град е еднаков за сите и така продолжуваме да инвестираме. За секоја категорија на граѓани, креираме мерки според нивните потреби и одговараме на нив без исклучок – нагласи Шилегов.

Next Post

Шахпаска: Услугата Помош и нега во домот на стари лица достапна и во руралните средини

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Х. Мицкоски

Според Мицкоски растот на платите во време на Владата на ВМРО-ДПМНЕ е двојно поголем во однос на периодот на СДСМ

August 28, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски / Фронтлајн

Најлоша економска политика во историјата – Владата ја турка државата во сиромаштија!

August 28, 2025

(ВИДЕО) Д-р Александар Трајановски: Аеродром го гледам како безбеден и полн со живот дом за сите граѓани

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

    „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италијански фотограф ја направи највпечатливата фотографија на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Триатлонецот Јован Кутаноски утре ќе плива од Струга до Радожда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk