Кочанскиот ориз е бисерот на македонските трпези, за што најзаслужни се кочанските производители на ориз, напиша премиерот Зоран Заев на социјалните мрежи.
„Кочанското поле има идеални услови за производство на прочуениот кочански ориз. Од жетвата оваа година се очекува да се добие вкупно производство на оризова арпа од 17.000 тони, од кои 2.500 тони оризова арпа кај земјоделските претпријатија и 14.500 тони оризова арпа кај индивидуалните земјоделски производители“, напиша Заев.
Нека е аирлија, за добар род годинава, дополни премиерот.