ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пендаровски за „То Вима“: Решението на приговорите на Бугарија треба да е усогласено со Договорот за пријателство и соработка

October 3, 2021 12:48
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

За Договорот од Преспа, европската перспектива на нашата земја и односите со Бугарија, за соработката со Грција, но и за договорот со Турција, говори претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски во интервјуто за денешното издание на грчкиот весник „То Вима“, во пресрет на неговата посета на Грција на 5 и 6 октомври, јави дописничката на МИА од Атина.

Претседателот Пендаровски, за бугарското вето и ЕУ перспективата, коментира дека „за жал ситуацијата нѐ спречува да започнеме пристапни преговори“, иако земјата веќе ги има исполнето сите предуслови, а паралелно изразува надеж дека со новата Влада во Софија ќе продолжат разговорите, но и порачува дека решението треба да биде усогласено со Договорот за пријателство и соработка.

-Ќе продолжиме да дејствуваме конструктивно во разговорите со официјална Софија. Решението на приговорите на Бугарија треба да е усогласено со Договорот за пријателство и соработка на двете земји и да го почитува правото на самоопределување на нашата нација, како и националниот идентитет и македонскиот јазик. Се надеваме дека по бугарските избори ќе ги продолжиме разговорите со новоизбраниот претседател и со политичка Влада со целосна власт што ќе има мнозинство во Парламентот, истакнува претседателот.

Во интервјуто што е под наслов „Спроведувањето на Преспа е меѓународна и наша внатрешна обврска“, претседателот Пендаровски ја истакнува важност на Договорот за двете земји, вели дека „најважното е тоа што ги одреди идните односи“ и е пресвртница за подобрување на економската соработка, преземање иницијативи во повеќе области како што се безбедноста, одбраната, образованието, науката и културата.

-Договорот е одличен пример за решавање на билатералните проблеми меѓу две соседни земји. На Северна Македонија ѝ овозможи да стане 30-та членка на НАТО, реализирајќи еден од двата стратешки цели во евро- атлантската интеграција. Позитивно влијаеше врз нашата европска интеграција, со оглед на тоа што денес, Грција е еден од најсилните наши поддржувачи. Договорот од Преспа не беше лесен за двете земји. Но, важноста и неговото позитивно влијание повеќе ќе се покажат во следните години, истакнува Пендаровски.

Објаснува дека како претседател ја поддржува не само политичката одлука за усвојување на Договорот, туку и правилното и навремено спроведување, вели дека Комисијата за учебниците има направено напредок, а препораките треба да се спроведат и од двете страни.

Додава дека за придавката „македонски“, Договорот е јасен, а тој лично секогаш ги охрабрува „сите ентитети во земјата да ги почитуваат одредбите“ и посочува дека новото име веќе е вклучено во Уставот на земјата, па така „правилното спроведување, не е само меѓународна правна обврска, туку и дел од внатрешните правни обврски“.

-Двете земји треба да напредуваат во спроведувањето на одредбите од Договорот, но исто така и на препораките на заедничките комисии, не само за учебниците, туку и за трговските ознаки, за сообраќајните знаци и многу важно, да ги ратификуваат потпишаните билатерални договори, истакнува Пендаровски во интервјуто, пренесе МИА.

За Меморандумите што произлегуваат од Договорот од Преспа, а сè уште не се ратификувани во грчкиот Парламент, претседателот вели дека ратификацијата е од клучно значење за промоција на економската соработка.

Паралелно, ја споменува и енергетиката, односно енергетската диверзификација како национална цел и во оваа насока „нашето учество во проектот во Александруполи беше многу важна одлука“, се усогласува со националната енергетска политика, „но ќе биде и мотив за поширока економска соработка и поврзување на нашите земји“.

Во однос Договорот меѓу Северна Македонија и Турција за одбранбена соработка, што предизвика реакции во Грција, претседателот Пендаровски во интервјуто објаснува дека постои долгогодишна соработка меѓу двете земји во конкретниот сектор, „па така потпишувањето на овој договор не е нешто ново“.

-Со фактот дека Договорот што неодамна беше потпишан е дел од 20-годишна билатерална одбранбена соработка, не може да ја стави во опасност одличната воена соработка со Грција. Напротив, по потпишувањето на Договорот од Преспа и нашето членство во НАТО, сведоци сме на зајакнување на соработката меѓу нашите министерства за одбрана и армиите, вели претседателот и објаснува дека Северна Македонија ја одбра Грција за да потпише технички договор за воздушен надзор, „нешто што значи дека грчките авиони ќе го бранат нашиот воздушен простор, специјалните сили спроведуваат заеднички вежби“.

-Имаме за цел да ја продолжиме во иднина оваа соработка. Планот за билатерална одбранбена соработка за 2021 година се состои од 69 активности, истакнува претседателот за „То Вима“./ МИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Студентите од Правниот факултет во Ниш поднесоа кривична пријава против Вучиќ поради посетата на пациенти од Кочани во УКЦС

May 14, 2025

Зеленски рече дека е подготвен за каков било формат за преговори за ставање крај на војната

May 14, 2025

Таравари: Јас поднесувам оставка, другите ќе бидат разрешени

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија бара премногу отстапки за да се стави крај на војната во Украина, изјави Џ. Д. Венс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неуспехот со уставните измени ја протресе удобноста на Мицкоски!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk