ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Царовска: Поквалитетното образование почнува од наставникот, сите заедно да го вратиме достоинството на професијата

October 4, 2021 16:10
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА

Наставниците се најважната алка во воспитно-образовниот процес, тие се носителите на промените за поквалитетно образование, коишто од први септември започнаа во прво и во четврто одделение. Реформата ја правиме заедно, мислењето на наставниците го слушнавме кога ја подготвуваме новата Концепција за основно образование и во неа ги вградивме долгогодишните барања за слобода во организирање на часот и користење на наставни методи и пристапи кои обезбедуваат квалитетна интеракција со учениците. Затоа што наставниците најдобро знаат како на учениците да им овозможат на едноставен и ефективен начин да стекнуваат знаења и вештини, да ги откриваат и развиваат сопствените потенцијали за да можат подоцна успешно да се соочуваат со предизвиците, рече министерката за образование и наука Мила Царовска на доделувањето признанија на просветните работници по повод Меѓународниот ден на просветните работници, 5 Октомври.

Министерката нагласи дека просветните работници и во услови на пандемија покажаа како со многу труд, желба и истрајност може за кусо време да се трансформира целиот систем на образование и да се одржи континуитет на настава, соодветно на можностите и потребите на учениците – преку онлајн настава, снимени видео лекции или печатени материјали.

„Како наставници одржавте лекција на целата наша заедница – колку сте значаен општествен чинител, но со години маргинализиран и воопшто неценет. И тоа ми е уште поголем мотив како министерка за образование и наука да продолжам да се борам за унапредување на достоинството на професијата наставник и секој што одбрал да биде учител на нашите деца, да го добие местото кое го заслужува“, посочи Царовска.

Платите на наставниците во последните 4 години се зголемени за над 4.000 денари кај наставниците со над 10 години стаж. Осврнувајќи се на достоинственото вреднување на трудот на наставниците, министерката појасни дека затоа е изготвен нов Закон за наставници и стручни соработници, со кој се обезбедува континуиран раст на платите, согласно зголемувањето на минималната плата во државата, чиешто носење опозицијата го опструира.

„Оваа Влада и јас како министерка решени сме никогаш повеќе наставниците да не бидат партиски заложници ниту пак како порано, одлуката за нивно вработување да биде политички темпирана“, потенцираше Царовска.

За вонредно ангажирање и придонес во унапредувањето на воспитно-образовната дејност, признанија и плакети добија 11 просветни работници. Честитајќи им за високото признание, министерката Царовска рече дека тоа треба да биде поттик за сите наставници да се вложат максимално и да придонесат за создавање на подобар и поквалитетен образовен систем, а нивниот труд и посветеност нема да останат незабележани.

Next Post

СТО: Зголемени прогнозите за раст на глобалната трговија со стоки

НАЈНОВО

СДСМ одреди уште 11 кандидати за градоначалници

August 27, 2025

Петровска на конференција во Копенхаген: ЕУ мора да биде обединета, Украина заслужува мир и слобода

August 27, 2025
Фото: nis.rs

САД повторно ги одложија санкциите против српската нафтена компанија НИС

August 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

    „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италијански фотограф ја направи највпечатливата фотографија на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Едно лице убиено при тепачка пред казино во Кавадарци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk