ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Спасовски на сесија на ИК на УНХЦР: Ефективното управување со миграциите останува еден од нашите главни приоритети

October 4, 2021 17:26
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Република Северна Македонија и понатаму останува земја транзит за барателите на право на азил, пришто целта на истите е Западна Европа. Ефективното управување со бегалците и миграциите се уште останува да биде еден од нашите главни приоритети, особено во делот на рана детекција и превенција на илегални преминувања и движења по Балканската рута, од неколку аспекти, а посебно во делот на граничната безбедност како и во поглед на намалувањето на ризиците по животот и здравјето, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во своето обраќање на 72 сесија на Извршниот комитет на УНХЦР.

Сите овие години, како што рече, се менуваше структурата на барателите на правото на азил. Така последните две-три години, информира тој, како баратели на азил најмногу се јавуваат лица од Авганистан, Пакистан, Сирија, најчесто мажи, полнолетни, но има голем број на машки, малолетници, додека значително е намален бројот на семејства и мајки со деца.

– Пандемијата на Ковид-19 донесе ново искуство во функционирањето и работењето со бегалците и менаџирањето на миграцијата. Во периодот од март до мај 2020 г., со прогласување на вонредната состојба и воведувањето на рестриктивни мерки во однос на пандемијата, донесувањето на бројните мерки на национално ниво за справување со вирусот, ангажирањето на војската во обезбедувањето на државната граница, засилените контроли на патните правци, резултираше со значително намалување на движењето на илегалните мигранти, информира Спасовски.

Со попуштање на рестриктивните мерки, подоцна, вели тој, илегалните движења и обидите за криумчарење мигранти се зголемија.

– Глобалната пандемија сепак, немаше поголемо влијание врз соработката со другите земји долж Западнобалканската рута и европските агенции, размената на информации продолжи без проблеми, дел од состаноците и обуките подоцна беа заменети со алтернативни решенија. Заедничките контакт центри продолжија со полициската соработка во делот на размена на информации и податоци, заедничките патроли беа стопирани со сите земји, продолжија комбинираните патроли на регионално ниво, по договор, рече Спасовски.

Безбедносната состојба на државните граници, според Спасовски, во моментов генерално е поволна. Главни предизвици, смета, се илегалното минување, криумчарењето мигранти и секундарните движења на мигрантите, но, не се регистрирани посериозни загрозувања на јавниот ред и мир и јавното здравје како резултат на мигрантската криза.

– Заради одржување на таквата состојба, но и за соодветно справување со евентуален иден масовен прилив, се преземаат низа мерки и активности – продолжено е времетраењето на Одлуката за прогласување на кризна состојба на јужната и северната државна граница, што овозможува непречено користење на потребните национални ресурси и капацитети за справување со предизвикот. Исто така, од 2015 година па наваму, на јужната граница континуирано се имплементира меѓународна заедничка операција, во која учествуваат странски полициски службеници од осум европски земји, од кои седум се членки на ЕУ, рече Спасовски.

Во тек, како што информира, се и повеќе проекти кои имаат за цел натамошно синхронизирање со стандардите на ЕУ, не само во делот на управувањето со миграциите, туку и во граничното управување во целина. Меѓу нив, за издвојување се: Твининг проектот „Усогласување на националниот систем со ЕУ и Шенген барањата за гранично управување“, како и Регионалната програма „Регионална поддршка на управувањето со сензитивната миграција во делот на Западен Балкан и Турција“, во која партнери се и Фронтекс, ЕАСО, ИОМ и УНХЦР.

– Во однос на Пактот на ЕУ за миграција и азил би сакал да напоменам дека тој ќе придонесе за поефикасно управување со миграциите и справување со мигрантскиот притисок. Неговата правилна примена и поефикасната контрола на надворешните ЕУ граници, воедно ќе значат и поголема гранична безбедност за целиот регион. Имено, не треба да се заборави, дека најголем дел од илегалните мигранти во регионот доаѓаат од ЕУ и претходно оствариле илегален влез на надворешните граници на ЕУ. Така, ефикасната гранична контрола на надворешните ЕУ граници на Грција и Бугарија кон Турција би значело и многу помал број на илегални мигранти во регионот, рече Спасовски.

Пактот за миграции и азил, вели, е документ кој главно се однесува на земјите од Европската унија.

– Земјите од Западен Балкан се споменати во делот каде е потребен прилагоден пристап, заради нивната географска положба, но и поради нивната иднина – во која тие треба да бидат составен дел на ЕУ. Меѓусебната координација може да помогне да се обезбеди што подобра опременост, со цел да можат да одговорат на заедничките предизвици, развој на нивните капацитети и постапувањата на границата.
Агенцијата на ЕУ за азил би можела да работи на изградба на капацитети и оперативна поддршка на третите земји, надоврзувајќи се на постоечката соработка – со УНХЦР и ИОМ, рече Спасовски.

Во услови на глобалната пандемија со Ковид-19, како што рече министерот, Република Северна Македонија беше меѓу првите во регионот, од аспект на почитување на препораките на Европската Комисија и на здравствените власти и прописи, па така, започнале да спроведуваат интервјуа со баратели на право на азил преку онлајн платформа.

– Притоа, се обезбеди почитување на роковите согласно закон, и пред сè, се зачува здравјето и на барателите на правото на азил и на нашите вработени службеници, рече Спасовски, додавајќи дека за сето времетраење на оваа состојба, обезбеден е непречен пристап до постапката за признавање право на азил, со тоа што со Одлука на Владата сите нови баратели на азил се сместуваа во посебен карантински дел во Прифатниот транзитен центар, рече Спасовски.

Северна Македонија како членка на НАТО, додаде тој, презема солидарна одговорност привремено да прифати цивилно население од Авганистан кое изминативе 20 години работеше на мирот во таа земја. – Северна Македонија беше меѓу првите, која понуди помош за овие луѓе, подаде рака и со тоа стана дел од голема хуманитарна акција, акција за преземање вработени или членови на семејства на вработени од Мисијата на Обединетите Нации во Авганистан, како и на околу 800 граѓани, жени, деца, вработени или членови на семејства од хуманитарни организации, организации за човекови права, новинарски и друг тип здруженија кои во изминатите 20 години работеа на одржувањето на мирот во Авганистан, нагласи Спасовски.

– Сите овие години, Република Северна Македонија е активен партнер на Обединетите нации, а особено на Канцеларијата на Високиот комесар за бегалците. За нас соработката со УНХЦР отсекогаш беше драгоцена, заедно се соочивме и успешно надминавме многу предизвици. Денес, верувам, активно придонесуваме кон меѓународните иницијативи со несебичен пристап, кој е се надевам, широко препознаен како отворен, искрен и необременет со предрасуди. Ние сме определени за следење и приближување до позитивните светски искуства, како и искуствата, иницијативите и законодавството на Европската унија, рече Спасовски.

На крајот од своето обраќање министерот истакна дека земјава и натаму останува посветен и одговорен партнер, на кој, како и многупати досега, може да се смета.

извор: МИА
Next Post

Брегу: Пониски цени на роаминг меѓу Западен Балкан и ЕУ до 2024 година

НАЈНОВО

Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 6 ноември

November 6, 2025
Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk