ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Сакеларопулу: Отворено е важно поглавје во односите меѓу Скопје и Атина што дава нов импулс

October 5, 2021 22:44
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Грција и Северна Македонија, како земји со заедничка граница, имаме уште поголема одговорност кон нашите народи да работиме заедно и да ги зајакнеме нашите билатерални односи со почитување на принципот на добрососедство и на меѓународното право, во корист и на нашите земји и на поширокиот регион, истакна претседателката на Грција, Катерина Сакеларопулу во нејзината здравица за време на вечерата во чест на претседателот Стево Пендаровски, јави дописничката на МИА од Атина.

Сакелароулу уште еднаш се осврна на важноста на првата официјална посета на претседател на државава на Грција, потенцирајќи дека „веќе е отворено едно важно поглавје во нашите билатерални односи, што им дава нов импулс“.

Таа додаде дека тие веруваат во заемно корисен однос помеѓу двете земји, како соседи, како земји членки на НАТО, како и во рамките на Европската Унија, а ја спомена и ЕУ интегравцијата на регионот како стратешка цел за Грција уште од  2003 година и конференцијата во Солун, „која за прв пат ја препозна нивната европска перспектива и која се уште претставува пресвртница и референтна точка“.

– Грција силно го поддржува пристапниот процес на Северна Македонија кон Европската Унија според поставената условеност. Ова е потврдено и со нејзиниот јасен став околу започување што е можно поскоро на пристапните преговори со Вашата земја, и со нејзината практична поддршка, со пренесување на знаење за спроведување на реформите и примена на европската легислатива, додаде претседателката на Грција, посочувајќи дека заедничка цел е да се изгради и обезбеди иднината на регионот, а „нашата заедничка иднина е во европското семејство“.

Во поздравниот говор, Сакеларопулу повтори дека целосно и со добра волја спроведувањето на Преспанскиот Договорот е неопходен елемент за непречен развој на односите меѓу двете земји.

Се осврна и на потенцијалот за економски развој, за кој рече дека е огромен, особено во области како што се интерконекцијата, енергетиката, инвестициите или трговијата.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Ревакцинирани 44 % од полнолетните граѓани во државата, бројот на активни случаи намален за околу 1.300

НАЈНОВО

Голема победа на ракометарите на Вардар во Тулуз

October 21, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Крадците од музејот Лувр предизвикале штета од 88 милиони евра

October 21, 2025

Мециновиќ: Вториот круг е избор меѓу статус кво-то и вистинска промена

October 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    Бучковски: Потфрлувањето кај ВМРО-ДПМНЕ е евидентно, опозициските партии да соработуваат во вториот круг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Врисокот на Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 21 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk