ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ДКСК ги разгледува двата случаи на распишување тендери во изборна кампања

October 7, 2021 10:18
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), повторно укажува на обврската за доследно почитување на забраните од Изборниот законик, односно член 8-а, и член 34 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интересите, според кои, од денот на донесувањето на одлуката за распишување на избори до завршување на изборниот процес, не може да се започне со изградба со средства од буџетот или од јавни фондови или со средства на јавни претпријатија и други правни лица што располагаат со државен капитал на нови објекти во инфраструктурата како патишта, водоводи, далноводи, канализација, спортски игралишта и други објекти или објекти за општествени дејности училишта, градинки и други објекти, освен ако за таа намена претходно се обезбедени средства од буџетот, односно се работи за реализација на програма донесена врз основа на закон во тековната година.

Во врска со изнесените информации во јавноста за најавите дека АД ЕСМ ќе објави меѓународен јавен повик за набавка на јаглен за работа на еден блок во РЕК Битола, а за продолжување на работењето на РЕК Осломеј, како и  распишувањето на тендер во тек на изборна кампања од страна на Град Скопје за изградба на градска куќа, односно нови административни простории на Град Скопје, Државната комисијата ќе постапи и ќе ги разгледа  двата случаи од аспект на корупција и судир на интереси обезбедувајќи информации и потребна документација, односно дали наведените набавки се предвидена и  со Годишните планови за јавни набавки за 2021 година, односно дали нивната реализација е планирана во овој период и дали за истите се предвидени и обезбедени средства. По анализа на  документацијата, наодите ќе ги изнесеме во јавноста.

Исто така, ДКСК ги следи и однесувањата на јавните функционери во време на изборниот процес од аспект на злоупотреба на службената положба и јавните добра за изборни цели, односно влијание врз гласачкото тело.

Со оглед на фактот дека со Изборниот законик се дефинирани забраните за овој период, но и санкциите за нивно непочитување, укажуваме дека е неопходно делување и на други надлежни институции,  согласно Изборниот законик.

Next Post

Иницијатива за поддршка на социјалниот и емоционалниот развој на децата од предучилишна возраст

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk