ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Царовска – Нагавци: Северна Македонија и Косово ќе соработуваат во образованието

October 8, 2021 13:22
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Тимови од министерствата за образование на Северна Македонија и на Косово во наредниот период интензивно ќе работат на подготовка на документи со кои ќе се утврди можноста за соработка и унапредување на образовните системи како основа за развој на двете земји.

Ова било тема на разговор на денешната средба во Скопје меѓу министерките за образование на двете соседни земји, Мила Царовска и Арберие Нагавци, која е резултат на заедничката седница на владите на Северна Македонија и Косово што минатиот месец се одржа во Скопје.

Во изјава за медиумите по средбата, Царовска соопшти дека со Нагавци дискутирале за новиот концепт за образование кој се спроведува во нашиот образовен систем, за дигитализација и за предизвиците во високото образование и за размена на искуства и знаења на високообразовните институции.

-Сметаме дека нашите две земји, кои имаат слични предизвици, треба поинтензивно да соработуваат. Задоволство ми е што во посета на нашата земја денеска е министерката за образование на Косово и со нејзиниот тим разговаравме за можната соработка и за продлабочување и размена на искуства. Разговаравме за можно потпишување меморандум за соработка и за договор и програма за соработка во наредниот период, истакна Царовска.

Задоволство од средбата и од можноста за соработка искажа и косовската министерка за образование, науки, технологии и иновации, Арберие Нагавци.

– Ни беше задоволство да разговараме за соработка во наредните години. Разговаравме за договор и за конкретни проекти на кои може да работиме во иднина во училишното и високото образование и да им дадеме повеќе можности на младите од двете земји, рече Нагавци, додавајќи дека како соседни земји и добри пријатели ќе работат на проекти за доброто на сите млади луѓе.

На прес-конференцијата на која косовската министерка зборуваше на албански и на англиски јазик поради несоодветно обезбеден превод на македонски, се обрати и заменик-министерот Арафат Шабани кој истакна дека нема отворени прашања во областа на образованието меѓу Северна Македонија и Косово.

-Денешната средба во Скопје е почеток на остварување на целите кои двете земји ги имаат зацртано – приклучување кон Европската Унија, но и во светскиот модерен образовен простор. Помеѓу Северна Македонија и Косово нема отворени прашања во образованието, а има желба за отворање нови можности за соработка и се надевам дека денешната средба ќе биде иницијална во таа насока, додаде Шабани.

извор: МИА

Next Post

Груби на петгодишнината од УМТ: Овој едукативен храм е резултат на Охридскиот договор

НАЈНОВО

Д-р Трајановски: Ќе поднесам оставка ако не ги започнам трите клучни проекти во првата година, дали Митески е спремен да го вети тоа

October 27, 2025

Герасимовски: Немаат понуда, ќе победиме и покрај лагите и притисоците

October 27, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

ФК Аеродром: „Го осудуваме насилството во Слупчане, фудбалот мора да остане спорт на фер-плејот“

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Синдромот на „Газиместан“ ја тресе политичката сцена на Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk