ДПМНЕ не може да каже збогум на криминалните кадри. Имено, кандидатката за градоначалник Билјана Проеска е осудена за фалсификување дипломи, а пред само неколку месеци призна дека крадела вода и со неплаќање користела вода во својот дом и во апартманите, велат од СДСМ Крушево.
Кога се работи за советничката листа ОО СДСМ Крушево прашува:
1. Дали носителот на листа на ДПМНЕ во Крушево Сашо Дамјаноски минатата година бил осуден на 3 месеци условна казна затвор за претепување на поранешен негов колега?
2. Дали кандидатот за советник Зоран Николоски е претставник на невладината организација Европравец која во време на ДПМНЕ беше незаконски финансирана од Министерство за финансии?
ДПМНЕ Крушево повторно нуди криминал. Еднашп криминалец – секогаш криминалец. Затоа, на 17-ти октомври граѓаните ќе кажат дека не сакаат криминал во својата општината. #НајдобротоЗаКрушево