„Општина Центар ќе се спротивстави на бетонизацијата и ќе стане зелена општина, општина која
ќе се грижи за зачувување на животната средина и квалитетот на воздухот“, изјави Горан
Герасимовски кандидатот за градоначалник на општина Центар од СДСМ и Коалицијата.
„ Општина Центар е прва општина која воведе обврска за 20 % зеленило во градежна парцела и
обезбедување задолжителни паркинг места за станарите. Ние се грижиме за зеленилото и
квалитетот на воздухот. Затоа воведуваме пракса на едно исечено две нови дрва и катастар за
стари исушени дрва. Следните четири години ќе субвенционираме енергетско-ефикасни фасади
со што стимулираме еколошко греење. Исто така ќе стимулираме поставување на фотоволтаични
панели на покривите на јавните објекти и инвестирање во алтернативни извори на енергија.
Предвидовме и субвенции за електрични тротинети и велосипеди кои ќе им одат во прилог на
граѓаните бидејќи планираме затворање на сообраќајот на „Боемска 2“ во вечерните часови.
Намерата ни е центарци се повеќе да практикуваат да ги оставаат возилата дома“, изјави
Герасимовски.
Тој најави и воведување на „маалски патроли“ кои ќе се грижат за зеленилото и урбаната опрема
како и дополнување со комунална дејност кај ЈП „ПОЦ“. За поголема хигиена на улиците
Герасимовски најави и модернизација, доопремување и зголемување на бројот на вработените
како и набавка на цистерни за миење на улиците со кои поинтензивно ќе се чистат улиците.
Герасимовски исто така за Дебар Маало најави ново шеталиште и нов парк, а за засадувањето на
12-те јавори на местото на исечените на ул„Орце Николов“ рече дека ќе стане практика.
Герасимовски повика на излезност на гласање за бројот 12 и зелен Центар и здрава животна
средина





