ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Маричиќ: Република Северна Македонија е прва на листата земји што се кооперативни и дале заложба за измена на законската регулатива за добри даночни практики

October 9, 2021 14:20
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

 Република Северна Македонија е прва на листата на држави што се кооперативни и дале заложба дека ќе ја сменат својата законска рамка во делот на добрите даночни практики, порача денеска министерот за правда, Бојан Маричиќ, откако во дел од медиумите беше објавено дека на 5 октомври Советот на Европа не стави на црната листа за некооперативно судство.

Маричиќ појасни дека оваа листа не е поврзана со судството и судски случаи, туку е поврзана со измените на Законот за Технолошко индустриски развојни зони и во делот на третманот на услуги кои се од информатичка и компјутерска технологија.

– За јавноста е важно да појасниме дека Европската унија во 2017 година ја внесе Република Северна Македонија во системот на следење за спроведување на добрите, односно јурисдикција на добрите даночни практики. Ние доброволно сме влезени во тој систем и постојат две листи, и не постојат ниту црни ниту бели листи. Има една листа на држави коишто имаат кооперативен пристап, имаат дадено заложба дека ќе ја изменат својата законска рамка и има држави, коишто имаат некооперативен пристап и не сакаат да дадат заложба за измена на својата законска рамка во насока на добри даночни практики, вели тој.

Министерот појасни дека нашата земја се наоѓа на првата листа, на листа на држави кои се кооперативни и дале заложба дека ќе ја сменат својата законска рамка.

– Конкретно се работи за нашата заложба до идната 2022 година да го измениме законот за Технолошко индустриски развојни зони, во делот на третманот на услугите коишто се од информатичката, компјутерска технологија. Значи се работи за тоа, не се работи ниту за судски случаи, ниту за судството, додаде Маричиќ.

Ставот на директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска е дека како институција изминатиот период ја покажале својата транспарентност.

– Се сложувам со она коешто го кажа министерот, ние постојано работиме на унапредување на даночната дисциплина, дигитализација на сите процеси во рамките на УЈП и секако секојдневно се бориме со даночното затајување, вели Лукаревска.

Порача дека УЈП и понатаму ќе биде имплементатор на успешни даночни политики.

извор: МИА
Next Post

Шахпаска од „Текстилијадата“ во Штип: Со новиот Закон за работни односи до поголема заштита на работничките права

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Турскиот министер за транспорт казнет за возење со 224 км/ч

August 25, 2025
Фото: Pixabay

Операции за намалување на висината – нов тренд во турскиот медицински туризам

August 25, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Истрага против криминална група за даночно затајување, даночна измама и перење пари

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Архитектите и експертската јавност ќе ја предводат ревитализацијата на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тој ќе изгуби – светот ќе биде слободен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ прави Мадуро на Венецуела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk