ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шахпаска од „Текстилијадата“ во Штип: Со новиот Закон за работни односи до поголема заштита на работничките права

October 9, 2021 14:36
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска учествуваше на трибина на петтата  „Текстилијада“, во Штип, во организација на граѓанското здружение Гласен текстилец. Во својата дискусија на тема „Институциите во интерес на работниците“ рече дека Владата и Министерството за труд и социјална политика навремено реагираат и помагаат во брзо решавање на проблемите на работниците особено на  42.000 вработени, претежно жени во текстилната индустрија.

Во таа насока Шахпаска посочи дека согласно владиниот Оперативен план за активни програми и мерки, предвидена е поддршка на невработените лица кои ги изгубија работните  места во периодот на кризата предизвикана од корона вирусот, особено на вработените во текстилната индустрија. Министерката  порача дека до крајот на годината согласно економските текови ќе растат и минималната и просечната плата.

„Во делот на растот на платите, сериозно се прават анализи и слушаме дека вицепремиерот за економски прашања Битиќи, најави дека до крајот на годината можеме да очекуваме да расте минималната и просечната плата. Веќе сме многу блиску до она што беше нашето ветување, дека за 4 години минималната плата ќе достигне околу 500 евра. Министерството за финансии, има оптимистички предвидувања дека БДП ќе продолжи да расте и дека сите позитивни трендови кои веќе се евидентни во третиот квартал од 2021 година, одат во насока на тоа дека ќе имаме раст минималната плата, просечната и пензиите“, рече Шахпаска.

Таа потенцираше дека Владата согласно Програмата за работа, ја изедначи минималната плата на вработените од текстилната индустрија со минималната плата на сите вработени. Минималната плата до сега е зголемена за 64%, односно од 8.980 денари денес е 15.194 денари.

Според министерката Шахпаска, за да се одговори на реалните потреби на работниците МТСП подготвува нов Закон за работни односи.

„После 16 години Законот за работни односи ќе кореспондира со технолошкиот развој, со потребите на работниците и на работодавачите. Прецизно ќе ги уредиме договорите на определено време со што ќе обезбедиме сигурност за работниците, ќе уредиме после колку време и под кои услови тие треба да преминат во договори на неопределено време, ќе ја регулираме сезонската работа, особено правата на работниците во периодот кога не се сезонски ангажирани. Ќе обезбедиме модерно и ефикасно решение за породилното отсуство, во делот на мајчинството и родителството, во кое и таткото ќе има право за отсуство од работа. Породилното отсуство ќе биде подолго од сега предвидените девет месеци“, рече Шахпаска.

Во насока на зголемување на работничките права е и новото законско решение кое предвидува пензионирање со 64 години возраст и 15 години стаж за жени и мажи но и Законот за недела неработен ден, со кој ќе се овозможи 92 проценти од работниците во државата, недела да им биде ден за неделен одмор.

Владата донесе и повеќе пакети на економски мерки кои беа во насока на заштита од ширење и превенција код Корона кризата. Беа ослободени и се уште се ослободени од работни обврски бремените жени, а работодавачите беа поддржани со неколкуте пакети на мерки за редовна исплата на платите.

МТСП подготвува и Закон за социјални претпријатија, а до крајот на месецов ќе биде отворен и Центарот за поддршка на социјалните претпријатија. Министерството за труд и социјална политика подготви и Стратегија за безбедност и здравје при работа со која се добиваат јасни насоки, за дејствување за период од 2021 до 2025 година. Подготвен е и  Акциски план за период од 2021 до 2023, со кој се утврдени конкретни активности и мерки што ќе се реализираат за остварување на планираните стратешки цели.

Сите овие заложби на Владата и на МТСП се насочени кон создавање на достоинствени услови за работа на работниците во државата.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

CLOUD experiment. Picture of the ALICE detector (image: CERN)

Научници за прв пат претворија олово во злато

May 14, 2025

Мицкоски за утрешната посета на Кошта: Ќе ги пренесеме нашите ставови во врска со уставните измени

May 14, 2025

Утре и во петок обилни врнежи од дожд, засилен ветер и заладување, на повисоките планини снег

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk