ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шекеринска на Самитот за Западен Балкан: Балканот е тест за посветеноста, силата и амбицијата на Европската Унија

October 14, 2021 17:47
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ако Европа сака сериозно да биде сфатена како глобален играч, мора сериозно да размисли за одлуките кои претстојат. Балканот секогаш беше лакмусов тест за желбата, посветеноста, силата и амбицијата на Европа. Сега е време повторно да се покаже овој европски порив и амбиција, нагласи министерката за одбрана, Радмила Шекеринска на денешниот Самит за Западен Балкан, насловен „Промовирање на инклузивноста и солидарноста на Европа“, што се одржува во Скопје, во организација на престижниот „Економист“.

Споменувајќи го недостатокот на ентузијазам во Европската Унија за процесот на проширување, министерката Шекеринска потенцирала дека Северна Македонија во меѓувреме работеше напорно и испорача повеќе од потребното.

– Преспанскиот договор, Договорот за добрососедство со Бугарија, политиките како што се транспарентноста, слободата на медиумите – сите овие важни прашања беа реализирани затоа што ние сериозно ја сфативме нашата задача и испорачавме. Нашето членство во НАТО кое што се случи минатата година, ни даде простор да дишеме послободно, но за Северна Македонија секогаш имавме двојна цел – тоа се членството во НАТО и во Европската Унија, рече Шекеринска.

Како што соопшти МО, во однос на искуствата од проширувањето на Унијата, министерката за одбрана истакна дека иако некои од земјите-членки не се среќни со овој процес, она што треба сите да се запрашаат е како би изгледала европската геополитичка сцена денес, доколку не се случеа двете големи последни проширувања.

– Какви ќе беа геополитичките предизвици за Европската Унија доколку лидерите на Унијата пред 20 години не беа доволно храбри да чекорат напред. Тоа треба да биде потсетник за актуелните лидери на Европската Унија дека безбедноста станува предизвик секој пат кога ќе ја занемариме геополитиката, истакна Шекеринска.

Таа се осврна и на важноста на членството на Северна Македонија во НАТО.

– Високите тонови меѓу Косово и Србија загрижуваат, но не стравуваме од прелевање, бидејќи сме членка на НАТО. Тоа е вредноста на нашето членство како 30-ти сојузник, додаде Шекеринска.

На панел дискусијата на која преку видео-конференциски врски учествуваа и Баиба Браже, помошничката на генералниот секретар на НАТО за јавна дипломатија, Џон Негропонте, поранешен заменик државен секретар на САД, Иан Лесер, претседателот на Германскиот маршалов фонд и Отон Анастасакис од Универзитетот во Оксфорд, министерката Шекеринска заклучи дека она што е навистина потребно е Европската Унија да испорача во однос на проширувањето, исто како што Северна Македонија испорача во однос на реформите.

– Во спротивно се испраќа погрешна порака до регионот, и се отвора опасноста од долгогодишни замрзнати спорови на Балканот, потенцира Шекеринска.

извор: МИА
Next Post

Османи – Варвициотис: Атина да продолжи со јасна и директна помош во лобирање за отворање на пристапните преговори

НАЈНОВО

Фото: Скриншот, видео НАСА на Јутјуб

Војаџерите на НАСА открија „ѕид од оган“ на работ од Сончевиот систем

November 3, 2025

Премиера на театарската претства КОСА: Порои на бес

November 3, 2025

Идентификувани телата на тројца израелски војници вратени од Хамас, меѓу нив и највисоко рангиран офицер

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk