ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Стефоска: Осумдесет години од првиот истрел – јубилеите служат да не потсетат дека историјата се учи за да не се заборави и за никогаш да не се повтори

October 18, 2021 21:13
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Осумдесетгодишнината од првиот истрел за слобода е чин за длабока почит и длабок поклон. Отпор достоен за незаборав. Ова е најмалку што Министерството за култура може да го направи во спомен на оние кои со пушка ја создаваа, а потоа и ја одржаа националната култура жива, а со тоа, и сите нас не одржаа во живот.

Ова вечерва го изјави министерката за култура Ирена Стефоска во своето обраќање на прославата „80 години од првиот истрел – култура и уметност =непокор“ во организација на Министерството за култура.

– Длабок поклон и почит за сите поети, писатели, сликари, глумци, музичари… На сите уметници кои се приклучија во Народно ослободителната и антифашистичка борба и ги запишаа, секој низ својот потпис, и болката и бесот и радоста и величественоста на партизанската одисеја, истакна министерката.

Таа посочи дека вечерва оваа прослава се дел и од наследниците на, како што рече, тие големи луѓе, антифашисти, кои знаеја колку се важни непокорот и слободата во битката и во закрепнувањето на татковината. Зборот е истрел, но и истрелот е збор.

– Во оваа прилика, ги поздравувам и присутните глумци од неповторливиот и поучен македонски филм „Истрел“ – филм инспириран од вистински настани за време на бугарската фашистичка окупација. На оние кои, од оправдани причини, не можеа вечерва да дојдат, им посакувам добро здравје и долг живот. Зашто ни се потребни. Тие се нашите сведоци, нашите учители, рече Стефоска.

Министерката оцени дека во минатото цивилизации пропаѓале, држави се распаѓале, територии се грабале, народи се асимилирале, но, никој не успеал да ја уништи културата, затоа што, посочи Стефоска, во културата беше силата на оние кои што се одважија да му речат „не“ на злото, да му речат „не“ на окупаторот, кој прво посегнува по територијата, а потоа по културата, по нашиот идентитет.

– Долга е историјата на македонската борба за слобода. Од Тˋга за југ, преку Тешкото, од Белите мугри до Волчјата ноќ, Очи, Црнила, А бре Македонче, Пиреј, Диво месо….чиниш, сета наша историја е во овие наслови. Македонската култура е многу поголема од нашата држава и од траењето на нашите животи, посочи Стефоска.

Министерката додаде дека јубилеите како овој вечерва, служат да не потсетат дека историјата се учи за да не се заборави и за никогаш да не се повтори.

извор миа
Next Post
EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Викендот помалку тестирани и заболени од коронавирус, ревакцинирани 45 % од граѓаните над 18 години

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Реал Мадрид го доби „Ел Класико“ – славеше со 2:1

October 26, 2025

Шахистите на Алкалоид по третпат со вицешампионската титула на Европскиот куп

October 26, 2025

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слот застана во одбрана на Салах

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk