ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бочварски во Софија ќе потпише меморандум за доизградба на железничкиот Коридор 8

October 19, 2021 07:54
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска ќе престојува во работна посета на Софија каде ќе го потпише трилатералниот меморандум меѓу Северна Македонија, Бугарија и Албанија за доизградба на железничкиот Коридор 8.

Целта на меморандумот е да се потврди подготвеноста на трите страни за долгорочно планирање и координиран развој на Коридорот 8 со фокус на проекти кои се од најголемо значење за регионот.  Исто така, со меморандумот ќе се потврди подготвеноста на земјите потписнички за  спроведување на мерките за брз и непречен транспорт на стока на граничните премини.

На поинтензивна соработка за доизградба на железничкиот коридор со потпишување протокол во јули годинава се обврзаа и директорите на државните претпријатијата за железничка инфраструктура од државава Хари Локвенец, од Бугарија, Красимир Папукчиски и Ана Дурмиши од Албанија.

Според Локвенец, создадени се сите предуслови 2026 година да биде конечна рамка за завршување на проектот за изградба на пругата кон Бугарија.

Во источниот дел на Коридор 8 во државава во тек е тендерска постапка за избор на изведувач за изградба на пругата од Куманово до Крива Паланка. Изведувачот ќе треба да ја доизгради и модернизира правата делница Куманово-Бељаковце, како и втората делница од Бељаковце до Крива Паланка. За третата делница од Крива Паланка до границата со Бугарија се подготвува тендерска документација.

На првата делница во должина од 31 километар се завршени 54 проценти од градежните работи, кои беа прекинати откако германски „Вибе” еднострано го раскина Договорот за изведба. Втората делница е долга 34 километри. И за двете делници е заокружена финансиската конструкција, а за третата, во должина од 24 километри, се обезбедени дел од финансиите. Дел од железничкиот Коридорот 8 е и изградбата на пругата Кичево-Лин. /МИА/.

Next Post

Извештајот за реформскиот напредок на Северна Македонија ќе биде објавен денеска

НАЈНОВО

Мециновиќ: Левица ќе биде обединувачка сила на сите антивладини гласови во Скопје

October 23, 2025

Мециновиќ прифати дебата со Ѓорѓиевски на телевизија Телма

October 23, 2025
Фото: МИА

Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk