Движењето БЕСА во првиот круг од изборите успеа да ги исполни очекувањата поставени од Изборниот штаб на партијата и нормално во вториот круг како апсолутни фаворити влегуваме во општините Тетово и Желино, велат од партијата.
„Воедно сакаме да ја имформираме пошироката јавност дека Владината коалиција е стабилна без разлика дека на многу места во вториот круг се натпреваруваме меѓу себе.
Владиното мнозинство е стабилно и работи исклучиво во интерес на граѓаните. Напредокот на земјата е нашата највисока заедничка цел.
Движењето БЕСА е дел од стабилното владино мнозинство.
Северна Македонија продолжува напред со стабилна Влада по демократскиот и европскиот пат“, пишува во партиското соопштение.