ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Царовска: Создаваме генерации кои ќе бидат активни предводници на борбата за почиста планета и здрава животна средина

October 20, 2021 15:38
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заложбите на Министерството за образование и наука и на Владата за поттикнување и развивање на критичкото мислење и свесноста за климатските промени и животната средина кај децата и младите се огромни и тие може да се видат веќе во пракса, бидејќи се дел и од реформските процеси кои започнаа од оваа учебна година во основното образование. Ова го истакна министерката за образование и наука, Мила Царовска, денеска на Младинскиот самит за климатски промени.

„Огромна благодарност до УНИЦЕФ и Шведската агенција за меѓународна соработка кои ја усвоија тригодишната програма за децата насочена кон унапредување на образованието за животната средина и климатските промени. Оваа програма е интегрирана во новите наставни програми подготвени со новата Концепцијата. Глобалното делување и широко искуство кое несебично го споделивте е непроценлив придонес кон обезбедувањето подобри можности и поквалитетно образование за нашите млади“, рече Царовска.

Царовска рече свеста за грижа кон опкружувањето, иницијално се развива преку едукацијата и воспитувањето внатре во семејството, но системски најдобро се врежува во карактерот и однесувањето на цели генерации, преку воспитно – образовниот процес во училиштата.

„Во училиште треба да се учи за грижата, љубовта и заштитата на животната средина и во тој дел, институциите на системот и ние кои раководиме со нив, можеме многу да помогнеме и да придонесеме за поставеноста на образовниот систем. По ново наставниците имаат можност освен преку редовна настава за време на часовите, туку и преку дополнителни воннаставни активности да ја подигнуваат свеста кај младите за овие важни прашања и со тоа да создаваат вистински носители на промени, со цел оваа планета да стане подобро место за живеење“, рече Царовска.

Министерката истакна дека промени се започнати и во средното образование, особено во делот на стручното образование кое е степен повеќе кон формализација на стекнатото знаење од примарната едукација.

„Зелените работни места се иднината на секоја држава, затоа навистина сите ресори треба да вложат максимални напори во создавање на овие работни места, а ние како креатори на образовните политики да создадеме наставни програми со кои ќе оспособиме кадри кои со своите теоретски и практични  ќе може да одговорат на овие нови предизвици“, рече Царовска.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Мбапе: Меси ќе ги шутира пеналите во ПСЖ, тој е најдобриот играч во светот

НАЈНОВО

Општина Центар постави контејнери за лесно и бесплатно одлагање кабаст отпад

September 27, 2025

Резолуцијата на СДСМ е најпатриотскиот документ што некогаш бил поднесен, власта да не го одбива, порача Филипче

September 27, 2025

ЦИВИЛ во Рим на настан  „Одбрана на демократијата и човековите права – Од препораки кон акција“

September 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Резолуцијата на СДСМ – шанса за деполаризација или нова алатка за дневна политика?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Политиката како диверзија или диверзијата маскирана во политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Драматичен протест во ОН: Делегати ја напуштија салата за време на говорот на Нетанјаху

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Астронаутите на „Артемис 2“ го именуваа „Integrity“ – вселенското летало што ќе ги лета околу Месечината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РУСКО ПИСМО: „Мајдан“ како закана – кремљовско предупредување до Белград и Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk