ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Димитров: Имаме најголема подготвеност во областа на основите права, дури и во однос на Србија и Црна Гора

October 20, 2021 13:27
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Имаме најголема подготвеност со средна оценка од 3,02 во областите и поглавјата од Кластерот 1 – темели/фундаменти, дури и во однос на земјите кои повеќе години преговараат за членство. Србија со средна оценка од 2,68 и Црна Гора со средна оценка од 2,83. Ова го покажува првичната анализа на Извештајот на ЕК за напредокот на земјата, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.

Споредливоста на напредокот и вкупната подготвеност, посочи Димитров, не е за да се фалиме колку сме направиле, туку токму во насока за да има еден вид реформски натпревар во нашиот регион.

Димитров, посочи дека имаме солидно ниво на подготвеност и во Кластеро 3 – конкурентен и инклузивен раст.

– На исто рамниште со Црна Гора, кои веќе ги имаат отворено поглавјата од овој кластер и со Србија, која пак доби препорака за отворање на поглавјата од овој кластер. Оваа констатација за ниво на подготвеност важи и за Кластерот 4 – зелена агенда и одржлива поврзливост, каде сме исто рангирани со Србија, каде Комисијата даде препорака за отворање на овој кластер, посочи Димитров.

Во Кластерот 5 – ресурси, земјоделство и кохезија, нагласи Димитров, земјата е прворангирана во регионот со средна оценка од 2,8, додека двете земји кои веќе преговараат имаат оценка 2,6.

– Од наша гледна точка формалниот почеток на пристапните преговори ќе биде огромен политички поттик. Поттик, за спроведување на подлабински реформи, со забрзана динамика, не само со усогласување на правото со ЕУ, туку и во суштинска имплементација на усвоената легислатива, изјави Димитров.

-Оценката за вкупната подготвеност на земјата за 2021 година е 3,11 или описно – добро ниво на подготвеност. Од аспект на остварениот напредок, задржано е темпото на напредок или има подобрување во 29 од вкупно 30 области, додека во останатите десет има помал напредок, во однос на напредокот во минатиот извештај. Од аспект на подготвеност во 90 проценти од областите имаме делумна или добра подготвеност за членство, изјави Димиртов.

На заедничката прес-конференција со евроамбасадорот Дејвид Гир, Димитров, оцени дека Извештајот е објективна, сеопфатна и реална анализа на состојбите, остварениот напредок и вкупна подготвеност, но и наша референтна точка што ги диктира реформите од европската агенда.

– Ова е јасна и недвосмислена потврда дека во време на сериозни предизивици, и во однос на пандемијата, но и специфичните политички предизвици со кои се соочуваме, со посветеност и упорност успеваме да задржиме високо ниво на подготвеност за членство. Имаме високо ниво на вкупна подготвеност и солидно темпо на напредок во споредба со минатата година, изјави Димитров.

Од политичките пораки, посочи Димитров, јасно е дека е крајно време да се почне пристапниот процес, за што самата ЕК вели, дека влијае многу негативно на кредибилитетот на ЕУ во регионот.

Евроамбасадорот Дејвид Гир, на почетокот го претстави Извештајот на ЕК за напредокот на земјата на 113 страници, за кој посочи дека е веќе е предаден на претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Македонија ги дозна можните ривали за квалификациите за СП во кошарка

May 13, 2025
Обид за киднапирање на жена во Париз. Фото: Скриншот од видео објавено на Х

(ВИДЕО) Обид за киднапирање на жена во Париз среде бел ден

May 13, 2025

(ВИДЕО) Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски / ФРОНТЛАЈН

    Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk