ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Не е крај…

October 20, 2021 14:51
in ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БОРЧЕ БОКИ ТРАЈКОВСКИ

30 години, другарки и другари, главните прашања за тоа каде оди македонската политичка локомотива се: кој колку украл, кој колку грабнал, кој колку ја оштетил државата, кој колку се нафатирал со државен имот, кој колку пари собрал на грбот на граѓаните. Плугот на политичката вморонска парна локомотива во Македонија нема милост кога апашлукот е во прашање. Собира се’ пред себе во мрачниот тунел на деценискиот грабеж. Патниците? Кој ги шиша. Нек затворат прозори да не им влезе токсичен чад од ќуморот на ложачите, и нек свршаваат скокајќи на сензационалистичките пароли за тоа кој колку ЌЕ им ја ебе мајката во следниот мандат. У тунелу у сред мрака, со осум или шеснајс крака, Македонија од к*р на к*р скака. И 30 години така, па така…

И нема везе тоа што им се случува најстрашното во државата која со децении го преоѓа мостот на трансформацијата од едниот до другиот брег на општественото уредување. Битно е нивните да победат. Што е битно тоа што останале без работа и осиромашиле? Станале ситни шверцери и продаваат турски гаќи на пазарите. Нема везе и тоа што секое сабајле се греат на запалена гума на Јужен булевар чекајќи некој да ги земе за рачно мешање малтер или копање септичка јама. Или се затвориле дома ко скиснати стаорци и фрустрираат од промашениот живот, додека жената ги изневерува со шефот, бизнисмен, политичар, а децата им станале наркомани. Ги отфрлаат сите другари и роднини затоа што станале дел од нивните. Па што? Битно е нашите да победат, еве го лидерот на телевизија, тишина ви се молам. Нема везе и тоа што секој ден се’ повеќе се судираат со дното на ништожноста и помислуваат сами да си го окончаат животот. Не. Ако треба и корења ќе јадат само нивните да победат. Да се најежиш, малку е…

Битно е тоа што и тие станеле дел од нив. Свесно се откажуваат од својот род од својот ген и за кафена лажичка привилегии гледаат како нивните стануваат туѓинци. Туѓинци во живото ткиво на својот народ. Гледаат како одеднаш заборават на детството, на топлите приказни на бабите и дедовците во кои доброто секогаш победува, забораваат на добродушниот сосед кој на раце ги однел дома кога го раскрвавиле коленото, на маалските другари со кои од исто шише пиеле оранжада и ја делеле школската ужинка, на училишните акции за пошумување на Водно или за чистење на населбата. Одеднаш и тие забораваат на себе…

И тие стануваат алчни, бесчувствителни и порочни, нетипични изданоци на своите претци, лажни вморони и уште полажни патриоти, плевел во градината на традиционалните доблести, кои со милениуми се пренесувале од мајка на чедо, од дедо на внук, од свештеник на верник. Добиваат извртена слика за себе и за луѓето околу себе, за на крај, целиот живот да им се преврти. Другарите ги заменуваат со бизнис партнери, сопругите со планиран трошок, почитта кон родителите со стравопочит кон профитот, наместо да шетаат покрај Вардар, најбитна им станува трката по тендери, шлепери и бандероли, односно сендвичи и сладоледи на митинзи, довербата ја заменуваат со интерес, искреноста со нахалност, за на крајот да дојдат и физичките промени. Наместо да им се шири срцето за љубов кон татковината, им се шири газот за пари, за вреќа брашно и литро зејтин. Дијагноза АНУС-Алинеус. Грдо кажано, ама и состојбата е таква, погрда да не може да биде…

Пилиштарци поставуваме за градоначалници, на неискусни арамолепци со лажни дипломи и нецелосен стаж во фирмите “Тато носи мама меси“, им ја препуштаме судбината. Па што? Битно е дека нивните треба да бидат поразени, што е важно какви се нашите. Да, токму тие направија едни да бидеме наши а други да станат туѓи. И нема везе што имаме примери од наставници градоначалници, сега милионери, каратисти со 70 станови во еден мандат, незавршени осмооделенци пратеници, исто така милионери, неписмени дибеци професори, антрополошко ретардирани премиери бегалци, благовестни неизживеани сопруги на средно класни бизнисмени, глупантропски заставници високо образовни презентери, новинарки и новинари скапи манекени, транзициски директори милијардери. Најважните прашања за достигнување на оргазмичката екстаза во вморонските патнички вагони после загушувачкиот криминоген чад доаѓаат како бајадери – „Вашиот има поише укредано од нашиот! Вашиот само крадеше, нашиот барем и нешто гради! Виде ли како му го плесна нашиов на вашиот? Мераци!“ Затварајте прозори, свири локомотивата, иде нов тунел. Се отвара нов простор за нови оргазмички довикувања и делења лекции. Ние, всушност, секогаш го добиваме тоа што тие го заслужуваат. Тој ланец мора да се прекине. Не е крај…

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Денес се регистрирани 487 нови позитивни случаи

НАЈНОВО

Фотомонтажа: Фронтлајн

Слот потврди – Ливерпул во целост ќе го исплати договорот на семејството на Диого Жота

September 26, 2025

(ВИДЕО) Мицкоски за Лукароски: Сотир ми е другар од детство и нема да ги изневери карпошани.

September 26, 2025

Ердоган: Постигнавме „заедничко разбирање“ со Трамп за примирје и траен мир во Газа

September 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Резолуцијата на СДСМ – шанса за деполаризација или нова алатка за дневна политика?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РУСКО ПИСМО: „Мајдан“ како закана – кремљовско предупредување до Белград и Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Астронаутите на „Артемис 2“ го именуваа „Integrity“ – вселенското летало што ќе ги лета околу Месечината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Драматичен протест во ОН: Делегати ја напуштија салата за време на говорот на Нетанјаху

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Група од 25 водечки тенисери во светот бараат поголем „колач“ од Гренд слем турнирите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk