ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Министерот Спасовски се сретна генералниот секретар на ОБСЕ Хелга Шмид

October 22, 2021 19:30
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Mинистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска заедно со државната секретарка Магдалена Несторовска оствари работна средба со делегација на OБСЕ, предводена од генералниот секретар на ОБСЕ амбасадор  Хелга Шмид  и шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која.

Министерот Спасовски се заблагодари на континуираната, плодна и интензивна соработка што Министерството за внатрешни работи ја има со Мисијата на ОБСЕ во Скопје во јакнењето на институционалните капацитети, нагласувајќи ги стратешките приоритети за продолжување на реформскиот процес на полицијата, борбата против сериозниот и организиран криминал, корупцијата, тероризмот, илегалната миграција и кибер криминалот, како и професионализацијата на полицијата и можностите за зајакнување на интегритетот на полициските службеници.

Спасовски нагласи дека денешната средба претставува силна порака за сериозното партнерство со ОБСЕ и токму фактот што на Република Северна Македонија и е доверено претседавањето во 2023 година претставува чест и признание за остварениот реформски напредок и придонесот во регионалната соработка со уверување дека Министерството за внатрешни работи е посветено и активно ќе придонесува за успешно претседавање на земјава со ОБСЕ во 2023 година, со целосното почитување и унапредување на заедничките вредности на оваа организација, информира од МВР.

Генералниот секретар на ОБСЕ  Шмид  изрази целосна подготвеност и поддршка за  Република Северна Македонија  во фазата на подготовка и во процесот на организација на претседавањето на Република Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година, како и тоа дека прашањата кои се однесуваат на безбедноста мора да се разгледуваат и од аспект на животната средина, почитување на човековите права и владеењето на правото.

-Од двете страни беше изразена заложба за  соработката во иднина да продолжи со засилен интензитет, надополнета со актуелни теми од областа на конфискација на криминално стекнат имот, поголема транспарентност во презентирањето на резултатите од борбата против корупцијата, борбата против семејното насилство, како и родовата еднаквост, се во насока на креирање конструктивна агенда за нашето претседавање со Организацијата во 2023 година, се наведува во соопштението.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Николовски: Мицкоски призна дека оставката на Ѓорѓиев е политички потег инициран од ВМРО-ДПМНЕ

НАЈНОВО

Фото: Скриншот од видео сторија на ИРЛ

Кристина Костова по сторијата од ИРЛ: За ваква партиски организирана корупција која ништи животи, паѓаат Влади во светот

September 28, 2025

ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците на Македонија со одлука за взаемна поддршка на своите кандидати за градоначалници и самостоен настап во одредени општини

September 28, 2025

Филипче: Негласањето е награда за ВМРО-ДПМНЕ да продолжи да ја контролира цела држава

September 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Самакоски: НАСА го побара „Микросам“, вештачката интелигенција не е баук

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски започнува таму каде што застана човекот што го постави за претседател

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристина Костова по сторијата од ИРЛ: За ваква партиски организирана корупција која ништи животи, паѓаат Влади во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живот на други светови: Каде најмногу се надеваат научниците?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Нема да дозволам црвените линии на СДСМ да се контури на ново предавство во иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk