ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Филипче: Повеќе нема пациент со карцином на дојка за кој не е обезбедена најквалитетна и бесплатна терапија

October 23, 2021 12:29
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, учествуваше на XIV Национална конференција за рак на дојка, за одбележување на месецот за борба против оваа болест.

Подобрувањето на достапноста на современата терапија и дијагностика за онколошките пациенти во Република Северна Македонија, почна во 2018 со стратегија за подигнување на здравствената грижа на граѓаните, која беше на иницијатива на министерот за здравство д-р Венко Филипче.

Со решавањето на долгогодишниот проблем со паралелниот увоз на лекови, сега сите пациенти со малигни заболувања се сигурни дека примаат оригинална терапија и терапија при чие транспортирање се запазени сите мерки на добра дистрибутивна пракса (ладен ланец и сл.).

-Во изминатите четири години овозможивме широка достапност на иновативна терапија според високите стандарди на земјите од Европската Унија. Над триесет нови молекули кои во моментов не се на позитивната листа на лекови, станaa достапни за граѓаните на кои им е неопходен третман, пред се за пациенти со тешки хронични и онколошки заболувања. Во делот на онкологија стана достапна биолошка терапија за цервикален канцер и оваријален канцер, како и за канцер на дојка, бели дробови, колоректален канцер, меланом и др. Сега, повеќе нема пациент со карцином на дојка за кој не е обезбедена најквалитетна, иновативна биолошка терапија и можност за скрининг во повеќе центри низ земјата. Пациентите имаат можност да се третираат според најновите препораки на Европската асоцијација на медицински онколози од 2021 година, што е голем напредок – рече министерот за здравство.

Министерот Филипче истакна дека набавена е иновативна терапија за ХЕР2 позитивен карцином на дојка, за рана и метеастатска болест. Оваа терапија им дава најдобра шанса за излекување и долготрајна ремисија на над 200 пациенти кои ја имаат оваа многу агресивна форма на рак на дојка.

-Обезбедивме и нова субкутана формулација за пациентките кои се борат со HER2 позитивен карцином на дојка. Станува збор за повеќе од 100 пациенти на годишно ниво кои сега можат да ја примат терапијата само за 5 минути за разлика од интравенските инфузии кои траат два и повеќе часa.Особено е важно што ова е во насока на превенција и заштита на оваа ранлива категорија на пациенти во актуелната КОВИД 19 пандемија. Со комбинирање на делотворните целни терапии и прецизната дијагностика како што се моментално достапните генетски анализи и сеопфатното геномско профилирање кое планираме да го воведеме наскоро, придонесуваме за унапредување на концептот на персонализирана медицина. Нашата визија е обезбедување на ефикасна и безбедна терапија за пациентите согласно нивниот единствен геномски профил. Секој човек е уникатен, затоа се стремиме секое лице кое се бори со канцер да добие најсоодветен третман за неговата специфична болест и со тоа да добие најдобра шанса за излекување и квалитетен живот – рече на Конференцијата министерот Филипче.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Македонија ги дозна можните ривали за квалификациите за СП во кошарка

May 13, 2025
Обид за киднапирање на жена во Париз. Фото: Скриншот од видео објавено на Х

(ВИДЕО) Обид за киднапирање на жена во Париз среде бел ден

May 13, 2025

(ВИДЕО) Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски / ФРОНТЛАЈН

    Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk