ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Северна Македонија бележи напредок во сферата на надворешните односи, оцени ЕК

October 23, 2021 10:32
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија е умерено подготвена во областа на надворешните односи и постигна одреден напредок во текот на минатата година, констатира Европската комисија во Извештајот за напредокот на земјава за 2021 година.

– Северна Македонија ја продолжи својата добра соработка со ЕУ, вклучително и во рамките на Светската трговска организација (СТО). Беше имплементиран Дополнителниот протокол 5 за олеснување на трговијата, вклучувајќи го и проширувањето на концептот на овластени економски оператори (ОЕО), се наведува во Извештајот.

Според Комисијата, Институционалниот капацитет на земјата за целосно учество во трговската, развојната и хуманитарната политика на ЕУ е се уште недоволен.

– Во наредната година, земјата треба особено да го зголеми својот севкупен административен капацитет во врска со трговската политика, Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА) и во рамките на СТО, да го спроведе Акцискиот план за развој на Заеднички регионален пазар 2021-2024 година, да го имплементира Протоколот број 6 за трговија со услуги на ЦЕФТА и да преговара и да го усвои Протоколот број 7 на ЦЕФТА за решавање спорови, наведува Европската комисија.

Во областа на заедничката трговската политика, Северна Македонија, се посочува во Извештајот, продолжи да ги координира своите позиции и тесно да ги усогласува своите политики со оние на ЕУ, вклучително и во рамките на СТО и ги поддржува предлозите на Унијата за реформи на Светската трговска организација (СТО).

– Одредбите од Спогодбата за олеснување на трговијата се целосно применети и Националниот комитет за олеснување на трговијата се состана двапати во 2020 година. Земјата ги продолжи преговорите за пристапување кон Договорот за владни набавки на СТО, преку учество на три сесии на својот комитет во 2020 година. Администартивните капацитети на Министерството за економија, задолжено за трговска политика, треба дополнително да се зајакнат, се заклучува во Извештајот на Ервопската комисија во делот на надворешните односи. /MИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Македонија ги дозна можните ривали за квалификациите за СП во кошарка

May 13, 2025
Обид за киднапирање на жена во Париз. Фото: Скриншот од видео објавено на Х

(ВИДЕО) Обид за киднапирање на жена во Париз среде бел ден

May 13, 2025

(ВИДЕО) Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски / ФРОНТЛАЈН

    Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk