Ливерпул демонстрира сила и го совлада Манчестер Јунајтед со 5: 0 на гостински терен во најголемото дерби во Англија. Јунак на триумфот беше Мохамед Салах, кој постигна три гола и имаше една асистенција.
Натпреварот не можеше да започне подобро за Ливерпул. Кејта ги доведе гостите во водство во петтата минута по одличното додавање на Салах. Осум минути подоцна веќе беше 2-0. Ударот на одбраната го користи Александар Арнолд, кој му асистира на Жота за 2: 0.
Јунајтед се обиде нешто, но ударите од далечина лесно ги сопре Алисон. На крајот од првиот дел на сцена стапува Салах. Најпрвин во 38. минута погоди на додавање на Кеита, а во продолжението на првото полувреме искористи и асистенцијата на Жота за 4:0.
Таму каде што застана на крајот од првиот, Египјанецот продолжи на стартот од вториот дел. Тој користи одлична асистенција од Хендерсон за одлични 5:0. Само една минута подоцна, постигна гол и Роналдо, но неговиот гол беше поништен поради офсајд.
Од тој момент натпреварот влезе во помирна фаза. Тоа го наруши Пол Погба, со дивјачки старт во 60. минута врз Кејта. Доби директен црвен картон, а Гвинеецот беше изнесен на носилки. До крајот на натпреварот Ливерпул рутински го приведе натпреварот до крај.
„Црвените“ по овој триумф имаат 21 бод, еден помалку од водечкиот Челзи. Тимот на Оле Гунар, кога е неизвесно дали ќе остане на клупата на Јунајтед, не победи ниту во четвртиот последователен натпревар. Манчестер јунајтед се на седмото место со 14 бодови.