ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

14 Несекојдневни факти кои ќе ве изненадат

October 25, 2021 20:18
in ДЕНЕС, МАГАЗИН

21 век е век на нови технологии, знаења и идеи. Секој ден изобилува со нови напредоци во научната област, а „копјето“ на знаењето и истражувањето се фрла уште подалеку.

Нашите работни обврски се зголемуваат, и како што изгледа – времето се намалува.

Никогаш не е доцна да се научи нешто ново и да се прошират знаењата.

Со таа цел, во продолжение за вас подготвивме низа по малку чудни, но секако интересни факти за светот кој нѐ опкружува:

1. Во текот на еден просечен живот, човекот ги витка и исправува своите прсти на рацете најмалку 25 милиони пати.

2. Зборот „погача“ потекнува од латинскиот јазик (panis focacius) и истиот се среќава кај речиси сите балкански јазици, како и кај германскиот. Буквално преведен, латинскиот израз значи леб печен на огниште или во фурна.

3. Kралската кобра се храни само со други змии, вклучувајќи ги и отровните. Некогаш овие змии јадат и друга храна, како гуштери, но генерално исхраната им се состои од други змии.

4. Буквално сите луѓе имаат уникатен мирис кој зависи од многу фактори, вклучувајќи ја и генетиката. Дури и еднојајчените близнаци имаат различни мириси.

5. Тајсон е име на неславен лебед од Англија кој го напаѓа секој човек што ќе се осуди да стапне на неговата територија.

6. Кога човечкото око би било дигитален фотоапарат, тој би имал 576 мегапиксели.

7. Во првата (изворна) верзија на „Пепелашка“ таа била грчка робинка која се омажила за крал во Египет.

8. Бурекот изеден за појадок ќе биде потполно сварен и исфрлен од организмот дури следниот ден.

9. Човечкиот глас може да скрши стаклена чаша, но само ако таа има мали, микроскопски дефекти. Сепак, за овој подвиг потребен е многу силен глас, како и услогласување на резонанцијата на чашата и гласот.

10. Просечен работник во McDonald’s за 7 месеци ќе заработи толку пари колку што неговиот директор заработува за еден час.

11. Само 8% од парите во светот се всушност вистински и можат да се допрат, а останатиот процент на пари е во електронска форма.

12. Најстариот хотел на светот (кој сѐ уште работи) е Nisiyama Onsen Keiunkan Yamanashi, во Јапонија, а отворен е во дамнешната 705 година.

13. На горниот очен капак човекот има околу 150 трепки, а на долниот околу 80.

14. На 1 ноември, Денот на мртвите, Мексиканците на гробовите на покојните носат храна и пијалак, а во пекарите можат да се најдат колачиња во облик на череп или гробници.

Next Post

Заев на Сител: Цената на струјата ја држиме стабилна, а ако треба ќе имаме и ваучери за помош на домаќинствата

НАЈНОВО

Фото: МО

Македонски контингент испратен на меѓународната воена вежба „Saber Junction 25“ во Германија

August 21, 2025
Фото: Принтскрин, Видео: Евангелос Папајоану

(ВИДЕО) Сурфер со СУП даска им помогнал на татко и две деца кои се бореле со морските струи и брановите во близина на Солун

August 21, 2025

Тошковски: Нова седма по ред канцеларија на Управни служби на МВР во Ропотово, ја враќаме довербата на граѓаните

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk