ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

САД: Вакцината на Бионтек/Фајзер и за деца над пет години

October 27, 2021 09:36
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Во САД најверојатно од почетокот на ноември против коронавирус ќе бидат вакцинирани и деца од пет до единаесет години. Независен тим советници од Американската агенција за лекови (ФДА) смета дека користа од вакцината недвосмислено преовладува над евентуалните ризици, експертите предупредуваат дека коронавирусот е опасен и за децата, објави Дојче веле.

„Помалите деца воопшто не се поштедени од Ковид-19“, истакна научникот Питер Маркс од ФДА.

Во оваа старосна група во САД се регистрирани 1,9 милиони инфекции со коронавирус, а во болница биле задржани на лекување 8300 деца, од кои една третина завршиле на интензивна нега, а смртен исход имало во околу 100 случаи.

Одлуката на Советодавната комисија не е обврзувачка, но ФДА по правило ги следи нејзините укажувања, конечната одлука се очекува во текот на неделава. За таа да биде применувана, формално дозвола мора да даде и Центарот за контрола и превенција на болести, ЦДЦ.

Американскиот концерн Фајзер и неговиот германски партнер Бионтек на почетокот на октомври поднесоа барање за издавање дозвола за употреба на нивната вакцина против коронавирус за  деца,  која се дава во помала доза отколку кај возрасните. За децата над 12 години веќе постои одобрение за користење.

Клиничка студија, според наводите на Бионтек/Фајзер, покажува дека вакцината кај децата од пет до единаесет години била добро поднесена и предизвикува силен имунолошки одговор еден месец по втората доза. Во студијата учествувале 2268 деца.

За деца под дванаесет години во повеќето европски земји досега не е одобрена корона вакцина, одлука на Европската агенција за лекови ЕМА се очекува најрано во средината на ноември.

СТИКО, Постојаната комисија за вакцини во Германија сѐуште има сомнежи околу издавањето препорака за вакцинирање против коронавирус на деца од пет до единаесет години. Нејзиниот претседател Томас Мартенс истакнува дека проблемот е ист како и при препораката за вакцинирање на  младинците од 12 до 17 години.

„Децата  се многу помалку оптоварени од болеста САРС-КоВ-2, затоа е исклучително важно добро одмерување на очекуваните позитивни ефекти во однос на евентуалните несакани дејства предизвикани од вакцината“. Мартенс потенцира дека појдовната ситуација во САД не е споредлива со онаа во Германија.

„Децата таму очигледно почесто имаат тежок тек на заболување од Ковид-19. Можно е тоа да се должи на тамошниот здравствен систем и високиот удел на деца со ризични фактори, како метаболиски синдром или диабетес“, вели Мартенс.

Извор: Дојче веле

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Регионалната соработка во фокусот на средбата Димитров – Брегу во Белград

НАЈНОВО

Фотомонтажа: Фронтлајн

Слот потврди – Ливерпул во целост ќе го исплати договорот на семејството на Диого Жота

September 26, 2025

(ВИДЕО) Мицкоски за Лукароски: Сотир ми е другар од детство и нема да ги изневери карпошани.

September 26, 2025

Ердоган: Постигнавме „заедничко разбирање“ со Трамп за примирје и траен мир во Газа

September 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Резолуцијата на СДСМ – шанса за деполаризација или нова алатка за дневна политика?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РУСКО ПИСМО: „Мајдан“ како закана – кремљовско предупредување до Белград и Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Астронаутите на „Артемис 2“ го именуваа „Integrity“ – вселенското летало што ќе ги лета околу Месечината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Драматичен протест во ОН: Делегати ја напуштија салата за време на говорот на Нетанјаху

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Три кандидати за градоначалник и девет листи за Совет во Кавадарци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk