ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Деспотовски – Бомгартнер: Договорени заеднички активности за засилено присуство на француски компании во земјава

October 29, 2021 15:08
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Директорот на Дирекцијата за технолошко индустриските развојни зони, Јован Деспотовски оствари средба со новиот амбасадор на Француската Република, Сирил Бoмгартнер на која се разговараше за новиот концепт на привлекување инвестиции и заеднички активности за засилено присуство на француските компании во земјава.

Деспотовски го презентираше новиот концепт за привлекување инвестиции кој базира на три столба: рационално искористување на државно земјиште и креирање нови јавни услуги за инвеститорите, индивидуализиран пристап базиран на анализа на десетгодишни инвестициски планови, како и новите механизми за поттикнување инвестиции преку новиот Стратешки зелен инвестициски фонд.

Тој потенцираше дека со примената на овој нов концепт од почетокот на годината веќе се реализираат или се во завршна фаза инвестиции во износ од над 300 милиони евра, кои треба да донесат над 5.000 нови работни места.

На средбата беа поздравени напорите на Владата и Дирекцијата за ТИРЗ дека ги препознаваат потребите на инвеститорите за предвидлива деловна клима, потребата од пристап до квалитетна инфраструктура и ефикасни јавни услуги.

Амбасадорот Бoмгартнер ги пренесе заложбите на Франција за што е можно побрзо, веќе во наредните недели, да се отпочне процес на преговори за членство на Северна Македонија со ЕУ. Амбасадорот најави дека ќе се интензивираат активностите за обезбедување на засилено присуство на француски компании во регионот и земјава преку учество во големи инвестициски проекти. Како што појасни ова е во делот на заложбите на Франција во рамки на политиката за зајакнување на европскиот суверенитет.

На иницијатива на ТИРЗ, Деспотовски и Бомгартнер договорија заеднички да работат на презентација на инвестициските можности во С.Македонија пред компании од Франција во наредните месеци.

Дополнително, беше разговарано и за новите иницијативи на Дирекцијата за ТИРЗ во делот на развојот на човечкиот капитал, што е од особено значење за инвеститорите. Деспотовски информираше и за подготовките за нов циклус на активности за поттикнување на инвестиции, со фокус на Западна Европа, САД, како и источна Азија.

извор: МИА

Next Post

За слободата

НАЈНОВО

Венс: Разоружувањето на Хамас и обновата на Појасот Газа се многу тешки задачи

October 22, 2025

„На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

October 22, 2025

Грција со 16,7 милијарди евра приходи од туризам до август, раст од 12%

October 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ацо Лукароски. Фото: лична архива

    Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 22 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Врисокот на Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бучковски: Потфрлувањето кај ВМРО-ДПМНЕ е евидентно, опозициските партии да соработуваат во вториот круг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk